Тројански коњ

26.02.2015 18:36

Самиот себе сум си Тројански коњ.
Сопственото рамо ми го освојува сопственото рамо,
сопственото око го опустошува сопственото око.
Отчукувањата на моето срце
не можат да се слушнат
поради отчукувањата на моето срце,
мојот глас што го привикува небото
здробен е
од мојот глас што го привикува небото.
Мојот живот веќе не се живее
од мојот живот.
Мојата љубов ја влече мојата љубов
по коњот на мојата љубов
околу тврдината.
Го забивам сечилото на мојот нож во сечилото на мојот нож
во мигот кога секундата што го најавува моето раѓање
оглувува поради секундата што го најавува моето раѓање.
Лут сум на сопствената моја налутеност,
ме радува сопствената моја радост.
Ѝ се надевам на сопствената надеж,
сопствената солза си ја оплакувам
и сум сè додека постојам
и веќе ме нема кога ме нема.

Препев: П. В.

Никита Станеску (Nichita Stănescu, 1933 - 1983) е великан на романската и европската литература. Во богатото поетско творештво во повеќе од две децении објавува околу 30 книги поезија. Неговите дела се преведени на многу странски јазици. Добитник е и на струшкиот Златен венец во 1982 година.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото