Визуелната сатирична хроника на Милчо Велјаноски

28.02.2015 13:32
Визуелната сатирична хроника на Милчо Велјаноски

Кратка современа историја на Македонија низ слики - така некако би можеле да се дефинираат популарните мемиња на Милчо Велјаноски.

Духот на времето е така успешно и сликовито сублимиран, што тешко дека би можело на попластичен начин да се опише еден период со сите маки на обичниот македонски смртник наспроти паралелната реалност на партискиот деспот. Сè поголемите давачки, зголемувањето на јазот на сиромаштија, промашените политики, како и секојдневните спектакуларни препукувања помеѓу политичарите, стојат документирани во мемињата на Велјановски.

Кога некој кој не е дел од македонското секојдневие би ги погледнал неговите слики, комичните прикази би му делувале хиперболизирани и нереални. Тажната вистина е дека тие нималку не се такви - само што просечниот Македонец е толку навикнат и помирен со состојбите, што се поставува загрижувачкото прашање кое е дното на „сè проаѓа“ филозофијата?

Хуморот на крајот на денот е монета со две лица: можеме да се насмееме и само да си ја олесниме нервозата после дневните вести, или можеме како јавност да се стресеме малку и да ги преброиме сите бизарни работи кои едноставно ни прелетале пред очи.

Во секој случај, ваквите парчиња слободна и креативна мисла расфрлани по интернет просторот, документирани можат да бидат одлични споменици на едно простор-време.

ОкоБоли главаВицФото