Кога ќе бидам мртов

28.02.2015 19:01

Сакам моето тело да биде
пристојно облечено. Во облеките
што тогаш ги сакав.

А во џебовите ставете ги
работите што ги користев,
пенкало, фото апарат, паричник, фасцикла.

И сакам да бидам на бок положен,
со лицето удолу: сонувам лошо
ако лежам на грб.

Кога ќе умрам никој не треба да го види моето лице.

А крај мене нека лежи
моето прасенце од масата
со дупчиња наместо очи.

Сандакот нека биде простран како кош.
Не кутивче
за коски само.

Нека има место глушец да влезе.

А на мојот мачор, ако го имам тогаш,
мојот црн дроб дајте му го.
Тој тоа ќе го сака.

И храна оставете
за седмица и еден ден:
чоколада, месо, грав, сирење.

И сè нека биде тука
на ветер и дожд.
А осмиот ден запалете сè.

Пепелта
да се расфрла како што ќе реши ветрот.
А каменот и металот закопајте ги.

Ова е мојата волја.

Препев: П. В..

Џорџ Макбет (George MacBeth, 1932-1992), исклучително продуктивен шкотски поет, прозаист, уредник, продуцент... Макбет бил контроверзен поет кој се трудел да го поврзе поетскиот експеримент со традиционалниот поетски израз. Бил изненадувачки популарен и присутен во британскиот јавен живот...

Оригиналната песна

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото