Црн ден

01.03.2015 16:52

Кашлавите Кинези
Нè разбудија на време
Колата стоеше пред хотелот и
Пријателот го тресна багажникот.
Кое срање, единствениот клуч од колата
Се наоѓа во капутот, капутот
Во треснатиот багажник.
Но рентакар има и овде
Претставништво, бројот на клучот
Беше познат и веднаш
Ни изрежаа нов клуч.
Не одговараше, набавивме
Користејќи такси, уште еден клуч
Сè залудно, и кодот беше погрешен.
Сега можеше уште само бравар да помогне
   Се разбира беше недела но најпосле
Еден преку телефон прифати и ние
Купивме хамбургер и даблбургер и кафе;
Тоа утро беше мошне живо
Сонцето сјаеше и фини луѓе
Поминуваа со исчешлани деца
Девојки од лајвшоуа
Се сончаа на отворениот прозорец
Беспрекорен шевролет со најцрна боја
Веднаш помисливме дека тоа е мртовечка кола
Застана, и нашиот бравар излезе.
Black is beatiful. Бојата на неговата кожа
Беше иста како бојата на колата, но го пратиле
Само да ја испита нашата несреќа
И по радио му соопшти на брата си што е работата.
Студено се смести во колата
   слушаше мрморлива одвратна музика
Брзо скокна кога еден кадилак
Уште поцрн, уште поблескав од шевито
Нечујно застана. Тој брат
Моторот го остави тивко да работи
Како абонос црн блазираност на лицето
Отелотворена недела
Носеше широк мошне црн шешир
Како јаглен-катран-гавран црн костум
Како лилјан бела мека кошула
Тенок цигарило во устата
Бледосини сандали и ни
Збор не изусти. Безобзирно мина
Низ толпата љубопитници и сите знаеја
Кој е тука бос. Со тенка жица
Ја испипа со затворени очи бравата
И нејзе сосем ја проникна, како зад очните
Капаци да виде употреблив клуч
Погледот ни го затскри со грбот
Малку стружеше по материјалот црн како јаглен
И пред пепелта да падне од цигарилото
Внимателно го отвори багажникот.
Од Бога даден уметник. Се кладам
Дека може да отвори и сосема поинакви
Брави и во мрак.
Заплескавме и извикавме А и О
Така требаше и плативме
Кога веќе седеше крај воланот
Колку што треба и уште неделен додаток
Бевме сосема конфузни
Од глетката
Главниот херој му дофрли на брата си
Неколку валкани банкноти
Не баш многу и даде гас.

Препев: П. В.

Сара Кирш (Sarah Kirsch, 1935-2013) е една најголемите германски поетеси. Објавила повеќе од 40 книги поезија и поетска проза. Со својот живот и со своето дело таа зборува за германската стварност многу повеќе од актуелните историски и филозофски расправи. „Причините зошто пишувам се поклопуваат со причините зошто живеам“, беше поетското и животното кредо на Сара Кирш.

Кирш на Окно
Црните зрна

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото