„Милка“ и „Нестле“ протестираат против изјавата дека трошиме на чоколада а немаме леб

03.03.2015 02:56
„Милка“ и „Нестле“ протестираат против изјавата дека трошиме на чоколада а немаме леб

Скопје, 3 март 2015

Најголемите произведувачи на чоколадо од светот денеска остро протестираа против ставовите изнесени од страна на министерот за финансии на Македонија, кој за мегаломанството на премиерот вели дека „сме лудаци, трошиме на чоколадо, а немаме леб“. Две од водечките светски компании од овој сектор, „Милка“ и „Нестле“, најавија дека можеби дури и ќе ги откажат планираните сто милијарди евра инвестиции во државава, по ваквите античоколадни тврдења на првиот човек на македонските финансии Зоран Ставревски. Тие упатиле и писмен демарш до Владата и бараат официјално извинување до сите произведители и конзументи на чоколада.

„Со згрозеност ги ислушавме разговорите. Иако може да прифатиме дека некои наши производи се мачкаат на леб и би било полезно да има и леб, но тоа што нема леб во една држава не значи дека не треба да има чоколада. Тоа не е став кој доликува на министер на третата најбрзорастечка економија во Европа“, се вели во заедничкото соопштение на „Милка“ и „Нестле“.

На вонредна прес-конференција, Ставревски образложи дека разговорите се нецелосни. Тој појасни дека во делот од разговорот што Заев намерно не го објавил, тој наводно рекол дека кога го боли левата страна на главата пие нескафе, а десната ја оправа со табла чоколада „Милка“ со лешници, но лидерот на опозицијата намерно, свесно го исекол тој дел за да нè скара со потенцијалните инвеститори во земјата.

Извор: kozanostra.net