Пристигнати панграми на конкурсот на Окно (1)

03.03.2015 14:32
Пристигнати панграми на конкурсот на Окно (1)

На конкурсот за најдобар панграм на Окно пристигнаа вкупно 153 панграми од 32 автори. Денес го објавуваме првиот дел од пристигнатите панграми, останатите ќе ги објавиме во среда и четврток, а изборот на најдобрите панграми ќе биде објавен на 6 март (петок).

Потсетуваме:

Нашите критериуми при оценувањето на панграмите ќе бидат: краткоста (колку помалку букви тоа подобро), креативноста (јазична и друга), поетичноста, музикалноста, имагинативноста...

Ќе бидат избрани пет најдобри панграми. Најдобриот ќе биде награден со 10 книги од издавачката куќа Темплум, а останатите ќе добијат по 5.

Панграмите ќе ги оценуваат уредниците на Окно: Никола Гелевски, Јана Колева и Иван Шопов.

1. Пане Перуновски

Фес во Шангај, ѕвечкање помеѓу жезли, ќе џишне искра – љубовница на воздухот. (63)

Пљачкаш во Болоња, ќор шпајз, ѕидан рафт со учебници, го наоѓа Хомер – книжен џек-пот. (66)

Беља во Жван, коњ до ѕид, софра мезе, чај и ашуре, летна птица - ќе доаѓа ага во Џван-хане. (66)

2. Ивана Стојковска

Ќор ѓон ѕвечка офкање здив: куц џган шлајм пољуби жив стих (47)

3. Наум Трајановски

Небо љуби ѕвезда, фешта, цврчка стихија, меќава- џоа рецепт, граѓа за жалење (60)

4. Бојан Лазаревски

Ѓакон Гоце и Љутфи хоџа ноќе ѕвезди бројат. Постоиш ли Боже? Молчење. (55)

5. Марјан Патлиџанковски

Ќос буф шета в тиња гледа љуби, куц џин јаде `рж и ѓомлезе ѕидајќи печка од плех (62)

6. Елена Кузманов

Во Ѓуриште ѕвер: ќос и зол црн маж, Фрањо хај-џек, денгуби и пљачка. (51)

Фучи, џака љубов, ѓоа Божиќ, мошне црн ѕид и јазик: не сте вигоња - похвала граѓани! (63)

Што абер чул хебефреник, ќарџија од љубов е за цел живот: ѓоа пагат му се ѕвонци в трње. (68)

7. Елена Кацуновска

Пак избезумен, во шок ѕемнеш, ежејќи се од чуруци и нелуѓе - фаќаш џенем. (56)

8. Александра Србаковска

Жална душа џабе тихо зјапа во љут црн коњ со ѓемче-ѕверот магла фаќа. (55)

Беља: куц џин хушка живо зајче до ѓол- му фаќа прстиња и го мунѕоса. (52)

9. Стефан Митиќ

Везден љубовџија ко цар шета, момите ги лаже, ќеиф туѓ, прстење чека, тихо до ѕид. (63)

Црна мачка, сив глушец, бркање, го фаќа без воздух, жар птица в ѕид, ѓоа џадија љуби. (64)

Шапка црвена, жолт ѓон на чизми, џин со делкање трње ќе губи тихо, љубов фали, не јанѕа. (67)

Шах игра дење Љупчо, домино знае Веса, Борко ќе фрла жолта џамлија, ѓоа ѕвонец. (62)

Бел, син, црвен, жолт, кафеав, зелен ѕид по паѓање стана ќумур црн, чиј џагор љуби шахот. (67)

Мојот ден започна бргу, ќе заврши доцна: ѕвон, смеење, жал... фали џабе љубов ѓоа како хит. (68)

10. Магдалена Тофиловска

Ќе чиниш љубов? - грд ѓердан жалење и јанѕа цифка со ехо низ тепих и џам. (55)

Ќе чиниш љубов? - грд ѓердан жалење... јанѕа цифка со ехо низ тепих и џам. (54)

Џган питачи што долж камење љубов ќе просат за саѓи и ѕифт црн јад, хм? (55)

Букви џган ѓердан ќе нижат, мориња фрлаш, јас ѕвездољубец- пеач в хор. (55)

Црн ѓон жив во фах, бзди песот глув њушкајќи смиљче- џабе јанѕа! (49)

Фељтон - Вџашен гракал ќосец: Мижечки заѕидај пехар ѓубриња! (49)

Ќе чиниш љубов? - грд ѓердан со жалење и јанѕа цифка низ тепих и џам. (52)

Слики: FOREAL

ОкоБоли главаВицФото