Владата ќе потроши еден милион евра за анализа на ефектот од трошењето еден милион евра

05.03.2015 10:33
Владата ќе потроши еден милион евра за анализа на ефектот од трошењето еден милион евра

Скопје, 5 март 2015

Владата ќе потроши еден милион евра за консултантски услуги околу спроведување на длабинска анализа за ефектите од трошењето на износ од еден милион евра.
 
Според информациите од Бирото за јавни набавки, анализата ќе ја прави вмровската подружница на консултантската фирма  „Први братучеди“. Според договорот, покрај длабинската анализа на постојниот систем за трошење државни пари, фирмата треба да изготви и студија со предлог мерки за подобрување на системот.
 
Вредноста на договорот, според податоците од Бирото за јавни набавки, изнесува еден милион евра.  Понудата на  „Први братучеди“ била избрана како економски најповолна на локалниот тендер на кој била доставена само една понуда.
 
Како дел од системот за трошење државни пари се серијата анализи на ефектите од трошењето државни пари, анализите на последиците од трошењето државни пари, како и анализите на ефектите на самите ефекти.

Слика: Свирачиња