Дали Трендо на подмолен начин преку анонимно писмо пак го брани Грујо!?

18.03.2015 14:21
Дали Трендо на подмолен начин преку анонимно писмо пак го брани Грујо!?

Какво спектакуларно курвиче и педерче испадна Трендо! Дури и за парцелите на Водно, тој релативизира, преку анонимно писмо (додуше, потпишано со „Љупчо“) потсетува на обидите на Љубчо Георгиевски да го освои тој простор на Водно па потоа поставува ретардирани и моронски тези дека целта на опозицијата не требало да биде доаѓање на власт и смена на оваа власт?! Tуку требало да почнат процес со формулари и иницијатива за да се спаси ридот на Водно?!?!

А што е со Македонија, бре Трендо, како Македонија да се спаси од оваа криминална режимска луда власт?! Неверојатно, СЕКОГАШ, АМА СЕКОГАШ кога е Грујо фатен со смкнати гаќи, Трендо прво молчи како пичка а потоа излегува со релативизирање и она што неговиот омилен тв новинар, Џон Стјуард, го нарекува ПОЛИШИНГ Д ТРД или полирање на гомното за да изгледа малце попривлечно за масите кои го читаат Офф Нет! Шупак скапан све да му ебам еј!



Ова е слика сликана овие денови на Трендо и Бетмен со Теофил Панчиќ. Овие двајца имаат некоја перверзна шизофрена фетиш опсесија да го китат својот сајт и своите фб профили со колумни на одговорни храбри активисти и новинари од странство со што сакаат себеси да си припишат иста таква храброст и одговорност и просветленост, додека во исто време тие се сликаат со македонскиот гебелс, шефот на центарот за пропаганда на ДПМНЕ и режимот, Илија Димовски.



Погледнете ја, на пример, последната колумна на Теофил Панчиќ за белградско Време во која тој бара сегашната српска опозиција да се обврзе дека кога ќе дојде на власт ќе го сруши нелегалниот проект „Белград на вода“! Тој проект е странска инвестиција вредна најмалку милијарда евра а Панчиќ е толку строг што инсистира да се бутне до темел а оние кои го градат да се испоапсат и пикнат во затвор! Замислете како би рагирал ако власта во Србија решеше да потроши пола милијарда српски пари за изградба на барок градби во сред Белград?! E сега споредете го ова со ангажманот на курвичките Трендо и Бетмен?! Тие не напишаа ниту една критичка колумна за овој режим, па дури ни сега кога се објавија бомбите и се открија такви незамисливи скандалозни мафијашки злосторства на режимот на ДПМНЕ?! БРУКА!!!



Еве ја колумната на Теофил Панчиќ од белградско Време:

Како тоа барабите се толку успешни?

Најмалку две и пол децении, со само мал килав дисконтинуитет, директно сме изложени на владеењето на џебџии, измамници, апаши и бараби, а најлошо од сè е дека на таквата состојба на работите суштински се прилагодивме: дури и ако не им одобруваме и мрмориме против нив, суштински играме според нивните правила. Зарем не е одамна дојдено времето да се запрашаме: како тоа барабите се толку успешни? Како тоа така лесно нè совладуваат?

Така што барабите однапред сметаат на нашата пристојност (башка и на њањавоста), ништо помалку отколку на сопствената бесрамност. Нè ставаат пред свршен чин: можеби тоа–и–тоа не е според законот или добрите обичаи, ама јас тоа ќе го сторам, вие ќе протестирате, но нема да имате сила, волја или решеност да ме спречите или барем подоцна да го поништите, полека и неосетно сепак ќе се прилагодите на тоа, и така победата ќе биде моја... Во што се состои, впрочем, целата приказна за т.н. нелегална градба, ако не е тоа – триумф на оправдано самоуверената бахатост? Кога сме веќе тука: стојат ли сеуште оние куќички во цвеќе на привлечната президенцијална la Famiglia Николиќ на Сава? Нешто не сум забележал вест дека се срушени?

А всушност, анихилација на последицата – то ест, сериозна и стварна „закана“ – е единствениот ефикасен начин за борба против злоупотребата на политичката или економската моќ. Без неа дури и формалното спротивставување на крајот може да се сведе на суштинска колаборација: во политиката, имено, зборовите се неопходни, но не и доволни. Политиката не е исто што и, што знам, пишување колумни во весници...

Колку е во право, ех, Весна Пешиќ, кога вели дека од оние кои активно политички се спротивставуваат на неподопштините на владејачката клика се очекува нешто повеќе од, какобисекажало, само пишување анализи... Во овој контекст, таа го спомнува познатиот проект „Белград на вода“, гигантскиот токсичен балон, кој полека почнува да никнува пред нашите очи, покрај или дури и против сите законски прописи, мислења на речиси сите експерти, урбанистички планови и правила и други елементарни прописи на цивилизираниот живот, како најдрзок пример на државно спонзорирана бесправна градба во историјата на Србија, ако не „и пошироко“. На трагата на оваа приказна, имам неколку конкретни предлози...

На власта, особено ваквата, ѝ се може сешто, но никогаш не треба да се потцени нејзината свест за неминовната конечноста и трепетот пред можноста за „наплата на последиците“. Зошто никој – колку што знам – од граѓанските и професионалните здруженија, за политичката опозиција и да не зборувам, не го тужеше градот Белград, па и државната власт за криминалните намери, а Бога ми, и за активности за приватна корист а јавна штета, која е скриена под шифрата „Белград на вода", а која подразбира бесправно нелегално одземање на потребните јавни содржини на граѓаните (вклучително железничката и автобуската станица) за претворање на огромната „атрактивна локација“ во легло на братски профити за една шака одбрани? Баталете го евтиниот цинизам во стилот: ма, кој тука ги шиша судот и законот... Не, никој навистина не е рамнодушен пред нив, ако ништо друго тогаш зашто тој знае дека по природата на нештата порано или подоцна ќе се симне од власта, па законот може да го стигне барем тогаш! Но, за да го стигне прво мора да го спобрка, а за да го спобрка некој треба да се покрене...

Второ, барам конкретни одговори, за почеток од опозициската Демократска партија: Бојан, Борко, Миќун итн, дали би биле толку љубезни да се удостоите на морално и политички обврзувачки акт во форма на јавна декларација отприлика со следната содржина: кога ќе дојдеме на власт ќе ве гониме правно за „Белград на вода“, но бога ми и ќе урнеме сè што сте направиле што не е стриктно по закон, принципите на урбанистичкото планирање и во најдобар јавен интерес, па тамам да е и Чардак ни на небо ни на земја! И не само тоа, туку уште поважно: ќе ги вратиме содржините од јавниот интерес, таму каде што беа. Е, тоа се вика анихилација на последиците. И не ми кажувајте дека не може да се спроведе, бидејќи е, и тоа како, спроведливо. Се разбира, најспроведлива (и најевтина) е превентивата: со сериозен политички, правен и граѓански притисок поради одвраќање од правење сериозни штети пред тие навистина да бидат сторени. И ова е отприлика последен момент за такво нешто.

Немојте да мислите дека на која било власт и моќ и на кој било „инвеститор“ му е сеедно кога ќе го слушне ова: не им е сеедно зашто тие подобро знаат колку се шупливи. Значи, ја продолжувам јавната анкета: политичари од опозициските партии, ќе се приклучите ли на декларацијата? А вие, весела српска десницо, деесесовци, радикали и останати?

Кога пред речиси десет години во Нови Сад, отприлика истово полукриминално здружение кое сега ја води земјата (но тогаш сеуште во дресот на радикалите), направи мегаизмама со бесмислената „Нова автобуска станица“ во сопственост на некој од нивните спонзори и со месеци ги „силуваше“ граѓаните, превозниците и патниците да се откажат од јавниот ресурс кој им е и погоден и потребен со цел (принудно) да се приклонат на она што воопшто не им треба, јас постојано ја „хушкав“ њањавата и поспаната локална опозиција (демократите, лигашите итн.) јавно да се обврзат дека по враќањето на власт во градот ќе ја вратат нивната права станица, значи – да се анихилирааат последиците од неделото. Едвај некако го исцедија од себе таквото ветување, и да видите –тоа помогна ...

Ви велам: не е сеедно и не е доцна; тоа се само лагодни изговори за оние кои декларативно опонираат а во суштина соработуваат. Ако тврдите дека не сте од таквите, чекам јавен одговор на анкетата! (преземено од Плусинфо)

***

Сега е повеќе од јасно е дека задачата на Бетмен, Трендо и Пимен и останатите неутралки е да го спроведат она за што јас еднаш пишував; тоа е да се убие ефектот на шок, т.е. да се помогне активно во она што се нарекува ефект на сварена жаба. Имено, со благата реакција, релативизирањето и спинувањето на стравичноста на бомбите и другите скандали и афери кои се откриваат за режимот со цел јавноста да не се шокира и разгневи од шокот и гневот кои потоа би се претвориле во бунт, маршеви, штрајкови и политичка недоверба кон владејачката ВМРО ДПМНЕ, овие неутралки ДИРЕКТНО ГО ПОМАГААТ ГРУЕВСКИ И САШО МИЈАЛКОВ! И СЕ СВЕСНИ ЗА ТОА, ОВА Е ПЛАНСКИ ДОГОВОРЕНА АКТИВНОСТ!

Слика: Александар Јосифовски
Извор: Мактел