Шест причини да му се приклучиме на генерал Ангелов!

19.03.2015 02:07
Шест причини да му се приклучиме на генерал Ангелов!

Се враќам од протестите пред Македонската телевизија и пред Јавното обвинителство. И веднаш сакам да кажам: ако сакате да ја почувствувате својата нормалност како хармонизирана категорија со непосредното окружување, ако сакате да се почувствувате на вистинската страна во многу важните општествени превирања и борби, ако сакате да учествувате во протест без вишок на патос, без демагогии и одбрани популизми, без неподносливата фразеологија на класичната политика, појдете утре или некој друг ден на перформансите што ги приредува генералот Ангелов! Срдечно ги препорачувам и за тоа имам најмалку уште шест причини:

Прво, Македонската телевизија и Обвинителството се многу добро одбрани локации затоа што се центри на злото, важни лостови на Злосторничкото здружување на чипираните идиоти на вемерето и на нивниот надвојвода Никола Груевски!

Второ, протестите што ги организира генералот се хармонизирани со опозициската борба што ја предводи СДСМ и Заев кои со разорните бомби вршат тоталното разобличување на криминалната структура на власта!

Трето, тука се собираат фини, убави, питоми, но наострени луѓе, спремни да се борат за своите права и за ослободување на земјата.

Четврто, протестите се сè побројни, не пропуштајте да бидете дел од победничката опција, не дозволувајте утре да ви биде мака.

Петто, генералот остава впечаток дека е човек кој има план, врски и контакти, вклучително и во безбедносните структури односно знае како да се врати МРТВ во служба на народот, а Обвинителството во служба на правдата.

Шесто, генералот Ангелов е најдуховиотиот човек што сум го сретнал на македонската политичка сцена во целокупната транзиција.

Дојдете и проверете ги овие мои оценки!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња