Смешна случка што ми се случи во едно кафуле со претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски

19.03.2015 13:57
Смешна случка што ми се случи во едно кафуле со претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски

Јово Вангеловски бил многу матно копиле! Веќе два пати слушаме за него на снимкиве. Прво Михајло Маневски за него зборуваше на една од снимките дека правел матни работи, а сега и самиот го слушнавме како со Миле Јанакиевски договара некоја пресуда за Глобал.

Дека овие битанги си ја имаат мувата на капата јас осетив од прва рака во една интересна случка во едно скопско кафуле. Имено, пред неколку месеци, бидејќи снемав интернет дома, го зедов лаптопот и отидов да работам од едно кафуле во Карпош. Отидов таму затоа што имаше убава тераса и добар персонал, беше тивко и добро за работа на портал. Потоа увидов дека тоа кафуле да ти било дувло на судии, адвокати, олигарси и новинари. Јас го дознав кафулето од една средба што таму ја имав со покоен Никола Младенов.

Во една прилика пред неколку месеци, некој ме побара на телефон и излегов надвор на тротоарот да правам муабет. Беше вечерно време, околу 22 часот. На тротоарот стоеа двајца и јас поминав меѓу нив гласно зборувајќи. Случајно забележав дека овие двајцата се стаписаа кога ме видоа и престанаа да зборуваат, се здрвија и не мрдаа цело време додека зборував, само се гледаа во лице еден со друг.

Правев муабет едно 5 минути, и потоа пак се вратив во кафулето, пак поминав меѓу двајцата, а овие сè уште ќутеа и чудно ме гледаа, како да го виделе Исус во пижами. Во тој момент кога поминав покрај нив познав дека еден од нив е претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски. Потоа дознав дека вториот бил истражниот судија Туфегчиќ, човекот кој по наредба на режимот му ја еба мајката на Велија. Кога го познав Јово веднаш ми текна зошто овие се стаписале толку. Тие се уплашиле дека јас нешто им спремам, некоја скриена камера или летечко интервју од оние моите како во МНТ. Си ја имале мувата на капата и знаеле за нивната криминална поврзаност со режимот, па се испашиле дека јас сега нешто им спремам.

Се стаписаа луѓето и сигурно си викале, од кај до кај сега од цело Скопје овој баш тука на тротоарот со нас во нашето кафуле?! Луѓето не можеле да поверуваат дека е чиста случајност! Се мислеа дали да влегуваат во кафулето и си отидоа. Додека се враќав во кафулето - јас седев на терасата лево од влезот - слушнав кикотење од десната страна на терасата. Кренав глава и го забележав Мики Вујиќ како се кикоти и ќе падне од столот. Тој сфатил што се случило на тротоарот и ми крена рака да дојдам за да ми објасни што се случило. Седнавме на маса и Мики се газеше од смеење, забележал дека овие се усрале и биле како попарени.

На одење од местото, Јово се качи во еден нов мерцедес Е класа, мерцедесот изгледаше неверојатно, како човекот да е директор на Дојче Телеком. Не знам колку се платите во нашето судство ама чисто се сомневам дека овој мецедес е купен со легални пари.

Извор: Мактел
Слика: Свирачиња