Дебатата со Трендо е како да дебатираш со некој од центарот за комуникации на ДПМНЕ...

22.03.2015 18:11
Дебатата со Трендо е како да дебатираш со некој од центарот за комуникации на ДПМНЕ...

Дебатата со Трендо и трендовците е како да дебатираш со некој од раководството на ДПМНЕ кој е во ПМС! Значи, он е како жена му на Никола Чаушески, Елена: ем се ложи на диктатор ем е како теткица климактерична! Погледнете како реагираат на нашата критика (потоа пренесена на Окно): со многу навреди, без аргументи и со манипулација! Класична ДПМНЕ ПР техника!

Прво Коља го нарекува лабилен а мене грев, за потоа полесно да победи во дебатата, демек у старт да нè оцрни како ниски сподоби. Целта е така тезите подобро да упалат кај оние кои ќе го читаат срање текстот на Офф Нет! Тоа е тоа курвинско дебатирање; наместо аргументи па потоа тези, или обратно, тие одат со ред тези ред навреди ред пак тези ‒ а аргументи нема нигде. Плус има и вадење од контекст и замена на тези!

Уште во старт, значи, Трендо и неговиот помошник Јурук, инаку автор на писмото за плацевите на Грујо на Водно, прават замена на темата и од нашето обвинување дека релативизираат и со тоа го бранат Грујо, тие отвораат дебата: дали е писмото на Трендо или е навистина авторско на некој тип што се вика Љупчо?! Тоа не беше темата! Ние рековме дека преку писмото на некој анинимус со име Љупчо, Трендо ‒ со самата објава на ебеното писмо ‒ го брани Грујо! Толку! Не тврдевме дека Трендо седнал и напишал лажно писмо па го објавил. Со тоа што покажаа дека писмото е оригинал тие не го тргаат нашето обвинение: дека со содржината на писмото и со објавувањето во ваков момент тие всушност ги бранат режимот и Грујо кој е фатен во криминал со парцели на Водно!

Без да сакаат тие самите се издадоа дека направиле голема измама уште во старт. Ние за тоа ниту знаевме нит ги обвинивме; они само си ја имале мувата на капата. Во одговорот на нашата критика дечките од Офф Нет всушност признаваат дека писмото е на некој си Љупчо; човекот постои но не е читател на Офф Нет туку е ебен заменик уредник на сајтот?!?! Значи, заменик уредникот седнува, пишува колумна и ја објавува курвински како писмо на читател потпишано бегло со името на авторот!? А Љупчовци во оваа држава има точно 36.000! Проверете ако не верувате! Се зезам, појма неам колку Љупчовци има, ама сигурно се над 10.000!

Значи, овие хоштаплери направиле измама; објавиле уредничка колумна како анонимно писмо за да не го доведат сајтот во опасност, плашејќи се да не ги изгубат банерите од фримите кои или се блиски до власта, Пелистерка итн., или од фирмите кои ѝ се плашат на власта, а тоа се СИТЕ ВО ЗЕМЈАТА?! Значи, и кога се неутрални и кога релативизираат они се плашат од власта па мора да објавуваат свои мислења како анонимни писма?! Демек, така полесно ќе се извадат, ако им се јават од кабинетот на Грујо или од центарот за пропаганда на ДПМНЕ, ќе одговорат: Аме шефе Мартин и шефе Илија, јбг ни стаса писмо и мораше да го објавиме, па и онака не беше директ против вас туку беше релативизирачко и збунувачко, што се љутите да му ебам матер?!

Ајде да одиме, едно по едно, со анализа на брдово текст на Трендовиот копук:

1. Шупаков мисли дека критикувањето на режимот и негодувањето поради криминалот на највисоките владини преставници е непродуктивно драње?!?! И он мисли дека негодувањето и барањето смена на власта не е легитимно решение, туку треба да се бара петиција за спас на рид на Водно?! Абе копук, не е поентата ридот на Водно! Цела Македонија е симболично во иста ситуација како ебениот рид, цела земја е во опасност! Па на самите снимки се слуша како Грујо си бендисал и плац во општина Илинден, сигурен сум се работи за некоја голема парцела покрај автопатот која е многу погодна за деловни згради и магацини или фабрика, па Грујо ќе може да ја шитне по голема цена или нешто ќе гради таму. Нели слушаш и самиот како се возеле во комбе и меркале плацеви згради и мади низ цело Скопје? И нели мислиш дека исто такво комбе харало и низ другите градови, само натоварено со некои други локални моќници? Сите ли ќе ги решаваме со петиции?! Па ќе се раскостиме бе човече! И ништо од тоа нема да излезе, или ни одблизу доволно колку што заслужува ситуацијата. Ја не знам од каде таква песимистичка курвинска политичка перспектива кај вас, вие се однесувате како да живеете во Иран или Саудиска Арабија па лидерот ни е суприм религиски лидер или крал па кон него мора да имаме некој смирен повлечен рационален пристап на спора еволуција, па да ги решаваме проблемите како во Саудиска Арабија каде проблемот со жените ќе се решава така што прво треба да се возат на кров на автобус па по десет години и внатре во автобусот. Што сте му се толку уплашиле бре на Грујо, па не е он Ајатолах Хомеини или оној кралот Абдула па да мора толку да го дрвиме по 9 години власт! Го видовме што копиле е и доволно беше, доста е, у реду е!

2. Овој мунгос уствари се сити на нашата неспособност да го смениме Грујо и нè прогласува за неспособни?! Ова е невидено шупачко поведение, злобно до коска. Оние со Трендо седнале врз нашиот грб со банерите од режимот, релативизираат сè и молчат за сè и помагаат во опстојувањето на режим кој се оддржува со стотици милиони евра народни пари. И овие копуци учесници во сето тоа рамо до рамо со режимската пропаганда сега ни се кезат и ни се клештат качени врз наш грб со камшикот во раце и нè прогласуваат за некадарни?! Па биваше ли толку да сте покварени бе пизда ли ви материна?! Папапа...

3. Овој шупак си прави филмови и си замислува дека уредникот на Окно ми давал инструкции како да ги пишувам сториите за Трендо!? Ццццц, ова е невидена параноја! Стилот и моето лудило се уникат и тоа никој не може да го нарача ниту контролира, па ниту јас, а камоли некој друг! Па толку сум внесен во оваа работа што кога ја видов твојата колумна, па уште споделена од Бетмен на фб, добив покачен крвен притисок и температура! Вашето пичкарско курвинско поведение како скриени маскирани талибански кучиња кај мене предизвикува психо‒соматски пореметувања и моите колумни се обид да не ви дојдам во канцеларија и да ве масакрирам со секира! Бесен сум кон вас зашто Миленко, Јанко и Латас го манипулираат оној дел од јавноста кој природно тежнее кон нивните стојалишта, но вие го мамите кремот, младината, авангардата! Вие сте како оние дебели мрсни црви што ги јадат младите лисја на дрвјата и на долг рок ги држат закржлавени или ги сушат!

Вие сте ништо друго туку режимски труби кои се обраќаат на пософистицираната јавност, онаа која не ги гледа вестите на Сител и не ги гледа емисиите на Јанко и Миленко. Но вие сепак сте дел од арсеналот на ДПМНЕ и со тоа што ти, Јурук, ни се клештиш што уште не сме ги смениле овие на власт вие фројдовски покажувате за кого работите. Зошто бре, мамичето ваше, вие не ни се придружите во борбата против власта, наместо да ни се ситите и да ни се смеете? Па зарем овие досега со сите зулуми не заслужија и вие да бидете во фронтот за нивна смена? Што треба бре да направи Грујо за вие   разбудите во тоа канцеларијата на Офф Нет? Треба ли некој да заврши и навистина во ендек, зашто уште тоа остана, сè друго што можеше лошо да се случи, се случи!

4. Шупаков сега измислува дека ние сме ги ругале Борис Дежуловиќ и Теофил Панчиќ?! Не бе, стоки, ние вас ве ругаме зашто преку ден му го цицате на Грујо а навечер одите на пиво со овие големи новинарски и интелектуални величини со кои вие се сликате само за да заличите на нив! Овие луѓе се сè што вие не сте! Тие водат војна до истребување со нивните Грујовци! Сликите со нив се вашата маскирна униформа со која се прикривате во околината каде сте инсталирани ‒ во средината на младината и авангардата; а всушност, во карактерот, умовите и душите, вие сте на исто ниво со Јанко, Миленко и Латас и затоа НИКАД НЕ СТЕ ГИ НАПАДНАЛЕ додека постоите! Затоа опозиционери ви се редовно таргет, како оној јаден од Доказ.мк. кој е иста будала како Јанко, Миленко и Латас, ама нив ги нема, а него го расчеречивте! Ако расчистувате со лудаци, шарајте бре на сите страни ебаве!

Вие морате да се сликате со Теофил Панчиќ и со Борис Дежуловиќ не само зашто тоа ви годи, туку многу повеќе за да пенетрирате во јавноста која нив ги цени, па кога ќе се поставите како лажни авторитети, демек космополити, авангарда, храбри и одговорни дечки, вие тогаш станувате вредни за она што од вас се бара: да ја манипулирате таа публика на која ѝ се обраќате. Имено, со тоа што вие молчите за зулумите на Грујо оваа публика која ви верува си мисли дека тоа е правилна одлука и ве копира во однесувањето. Со тоа вие помагате жабата да не реагира на топлата вода и со тоа помагате да се свари! Нејзе, на публиката која ве следи, ѝ е тешко да одреагира правилно зашто преку ден ве гледа гушнати со Теофил Панчиќ а навечер ве чита на сајт и си вели дека овие се слични на Теофил, делат исти вредности и принципи, па пошто он не би премолчал криминал и афери и злобни диктаторски и мафијашки постапки, сигурно нема и овие такво нешто да премолчат; а пошто си молчат значи дека во Македонија е сè во ред и нема диктатура?! Тоа е вашето дело, тоа е резултатот од она што вие го работите, затоа сте вие платени со банери вредни и до 10.000 евра месечно!

И немојте да бидете лажно скромни, вие сте сепак многу читан сајт и со тоа вашето влијание е големо, за жал! Вашата читаност е резултат на стара слава, одличен дизајн, атрактивни лесни теми како исмевање на мрднати наши сограѓани кои се обидуваат да станат славни па пеат во свои спотови кои се ужасни и комични а бенефит вадите и од многуте писма кои ги добивате поради старата слава на Трендо. Секако, ви помага и одличното покривање на политичките настани надвор од Македонија, и тука вие најмногу ја лажете јавноста. Со тоа што сте на страната на сите демократски опозициски движења во светот и ги осудувате сите диктатори, а што молчите за Грујо овде кај нас, вие праќате лажна порака кон вашата публика дека Грујо не е диктатор! Вие привлекувате публика меѓу младите кои ги делат вашите покажани вредности и принципи во сториите за настаните надвор од Македонија, за потоа истата таа публика најдрско да ја изманипулирате преку молчење за аферите на режимот или со релативизација на истите! Таа публика дури и ве обожава и не знае дека е жртва на една голема подла измама!

5. Овој шупак уствари вртел телефони цел месец со обид да изврши некаква цензура врз Мактел?! Многу сум пцуел? Демек ако некоја тв водителка не ми била по ќеф тоа не значи дека била курва како што јас сите сум ги нарекувал?! Па ја не ги критикувам за ситници туку баш за тоа дека се курви! И затоа ги нарекувам курви! Ти мислиш на моите критики кон Снежана Лупевска! Значи, ти не се согласуваш со мене дека кога Заев објавува најбитна бомба, со тешки криминали за оваа власт, да ги викнеш во студиото на Телма, додека трае објавувањето на бомбата, екс секретарот на партијата и сопругот на екс секретарката на младина во партијата, луѓе кои му се настрвени на Заев, за да го расчеречат, ти мислиш дека тоа не е чист КУРВАРЛУК!?! Заев објавува бомби кои се шокантни, а Лупевска прави емисија за масакр на тој што ја објавил бомбата наместо на оној кој е разголен од бомбите?! Па ова ако не е КУРВАРЛУК ја не знам што е!

6. Делот каде го навредува Коља затоа што пред десет години Трендо му дал гага интернет од провајдерот Он.нет каде Трендо бил директор, и тоа го спомнува со цел да го омаловажи уредникот на Окно како лузер, шупак, а да го прикаже Трендо како широкоград дечко и Коља за тоа сега требало да ги поштуе Трендовци е ЕПИК момент од овој текст! Овој момент покажува со каква багра ние се расправаме цело време! Овие во офф нет се стока спакувана во скапо пакување. Тие се кич накит од тезга на Бит Пазар спакуван во кутичиња од Булгари и Сваровски! Да, јас го фалам дизајнот на Офф Нет, но овие вредности кои од таму извираат во содржините се шокантни и скандалозни! Во дебата со уредник на портал да го вадиш овој момент, дека си му дал гага интернет пред десет години па демек тоа сега нешто е битно во дебатава е толку низок удар и сега ни е јасно зошто во офф нет се толку одушевени од Грујо и ДПМНЕ; они бре човече делат исти културни, демократски, социјални, карактерни и морални вредности! Исто срање се бре пизда ли им материна хоштаплерска!

7. Шупакот уствари се загрижил за опозицијата. Ние сме правеле штета и он сега ни давал уствари совети, најдобронамерни?! Ние не сме биле спремни за револуција?! На што мислиш, на насилно влегување во влада со мотки!? Па вие бре немате муда да напишете ниту еден текст против владава, а нас не прогласувате за неспособни да влетаме со мотки во влада, демек сме биле пички?! Ние сме биле пички?! А вие тогаш што сте бе? Пички големи како галаксијата?! Значи тоа што се тужиме со министри, што гинеме по цел ден со текстови, што трпиме реперкусии, пред сè тешка финансиска состојба поради опозициската активност, тоа за вас не се важи, требало да му влеземе на Грујо у канцеларија со палки?! И вие најдовте ова да го зборите еј?! Вие што објавувате колумни како анонимни писма од читатели?!

8. На крај копилево кажува дека уствари живеел на Водно и бил лично засегнат со проблемов со парцелите на Водно зашто багери ќе му се мотале пред врата?! Пази, за него ова било проблем на нарушен мир и уништено зеленило на рид?! Тоа што премиер извадил 5 миљона евра црни пари и договара наместен тендер и крши закони, за него не е проблем?! Туку тоа што цвеќето у дворот ќе му се извалкало со прашина од соседниот плац?! Кучето ќе лаело? На колата гумите ќе се напраеле со кал? Па вас бе треба Теофил Панчиќ да ве убие со скршена флаша од пиво! Затоа што сте имале дрскост да го поканите на пиво а олицетворение сте на сè она со што он цел живот се бори како новинар, колумнист и и писател! Требало, откако ќе го испие пивото, флашата да ја скрши од маса и потоа да ве рогне сите у стомак, бре стоки, маму ви јебем! Баш како сцената од под тушот од филмот Буре Барут!

Па ние бре, стоко, ние кои ти нè презираш и ни се потсмеваш, ние нели сме засегнати од Грујо и неговите зулуми?! Нас багери ни поминаа низ канцеларии и низ спални и нè прегазија у пиџами, ние секој ден дремеме по судови, се тужиме со режимот, нè забрануваат, нè казнуваат на тешки пари кои ги немаме, ни скратуваат финансии преку закани кон огласувачи, нè отпуштаат од работа кога ги преземаат медиумите, невидени зулуми прават, да не зборам па за опозиционерите кои завршуваат во затвори, зградите им летаат во воздух со динамит, умираат поради стрес и чувство за неправда! И ти бре копиле, ми се жалиш што багерите ќе ти го нарушеле мирот на Водно?! Копиле едно скапано, све да ти ебам по список!

Слики: Свирачиња
Извор: Мактел