Џускање во ВМРО-вското дувло ‒ дискотека „Станица 26“

23.03.2015 09:43
Џускање во ВМРО-вското дувло ‒ дискотека „Станица 26“

Во петокот имав блиска средба со режимот. По подолго време решивме да отидеме во дискотека со сопругата и решивме да ја провериме фамозната Станица 26, дискотеката неофицијално во сопственост на синот на Сашо Мијалков.

Пред дискотеката беше паркирано најново бело БМВ седмица со вклучени трепкачи. Баш пред вратата. Потоа дознав дека тоа е лимузината на шефот на ДБК. Стоеше на втората маса од десно, заедно со Никола Тодоров и Ивица Коневски. Друштво им правеше газдата на Капитол и Стоун Бриџ, бизнисменот Ајдован Адемоски. Сигурно и нему ја врзале јамката околу вратот, како и на газдата на Здравје Радово.

Поминав покрај Сашо. Беше потпрен со лактот на масата. Застанавме на долниот дел на инаку за скопски услови малата дискотека па можевме да се видиме; иако беше дискотека, сепак имаше доволно светло. Потоа покрај мене помина Никола Тодоров и се потчукна од мене во гужвата. Не ми се веруваше дека копилето има храброст после сите скандали да се појави во ноќен клуб и да се џуска?! Не знаев како ќе реагирам ако ни се сретнеа погледите; сепак сигурен сум дека ќе му се доближев и ќе му речев на увце: Како бе не ти е срам гомно едно?!

Убаво си поминавме, имаше диџеј од САД, пушташе добро техно. Но, си реков, на овие им гори под нозе, ги бројат последните денови кога се газди на Скопје и Македонија. Веројатно решиле за последен пат да удрат чалам. Дискотеката имав чувство дека е преполна со ВМРО-вци. Сите ме гледаа како да сум им бркнал со курот у пијачката. Еден дури цело време гледаше во мене како манијак па проба да инсценира и инцидент со тоа што не ни дозволуваше да поминеме на одење од дискотеката па мораше да го гурам со рака.

Кога влегував сите се вртеа и коментираа со зачуденост што барам во нивното дувло. Мислам дека дури и ова нивно појавување со жените во дискотеката е испланиран ПР потег. Сакаат да испратат порака кон своите дека нема потреба за паника: еве сме тука пиеме виски и се џускаме. Ова ќе помине. За да не паничат. Затоа што во дискотеката очигледно беа имотни луѓе, значи првите ешалони, судии, обвинители, директори, потсекретари по министерства, па мора овие луѓе да се држат со крената глава... Токму затоа државниот врв беше во диско во 3 ноќе, еден ден пред митингот во Битола во саботата.

Не знам како ќе реагирав ако ни се сретнеа погледите со Мијалков. Толку го имам вреѓано и плукано тоа копиле што не знам дали и во погледот ќе сум му прател едно гадење или ќе сум го гледал без некои емоции. Овие луѓе толку многу зулуми направија што прашање на време е кога ќе почнеме и да ги плукаме у фаца.

Слика: Свирачиња
Извор: Мактел