За лагите на режимскиот слуга Пандов

25.03.2015 12:16
За лагите на режимската слуга Пандов

Вчерашните небулозни ставови на еден режимски профитер каков што е Пандов, и невозможноста со гласот на лудилото да се дебатира, е една од причините зошто сметам дека таквите фигури и „дебати“ треба да се избегнуваат.

Ако јас се појавам покрај таков во студио, ќе направам само мајк-чек, дали одиме во живо, па потоа ќе видиме кој е погрлат, а кој физички посилен. За друго не се појавувам, зашто насилиниците бараат и физички да бидат конфронтирани.

Но, иако веќе имаме докторирано на темата „владини манипулации и дискурси на нивните лигуши“, популарно ГДОМови, за кои веќе дадов мое исцрпно објаснување, сега сакам да дадам еден мој ситен придонес, не само во генералното размонтирање на нивниот фаличен дискурс, туку и за една конкретно искажана невистина.

Нема погрдо чувство од тоа да бидеш споменат или злоупотребен од „тоа суштество кое збори низ анусот, а исфрла екскременти од устата“, како квази аргумент против некој кој го цениш и почитуваш, го сметаш за искрен и посветен интелектуалец, без чиј труд нашиот критичен, културен и здраворазумски јавен дискурс би бил сведен речиси на нула.

Тврдењето: Ивор Мицковски е избркан од Окно од страна на Никола Гелевски, затоа што неговите пишувања не му се допаѓале на Владимир Милчин, е режимска лага и манипулација од најнизок вид.

Прво не бев избркан, туку културно информиран дека соработката ќе прекине определено време, а второ - дали моите пишувања не му се допаѓале на Милчин или не - факт е дека дури и кога сум имал критички текстови и остри забелешки кон директорот на ФООМ, тие секогаш биле објавувани од страна на Окно.

Потегот на Коља да ја прекине соработката во еден момент, можеби не беше најкоректен, но тоа никому не му дава за право да лаже и да измислува приказни. Ниту пак моментното несогласување и разминување на ставови, ќе направи да заборавам дека Окно е еден од бастионите на слободната мисла, дека секогаш бил отворен за најразлични ставови, дека беше првиот портал кој ме објави кога бев цензуриран од уредничката на Утрински Весник.

Моите текстови и денес се појавуваат на Окно, јас и ден денес не се согласувам за сè со Коља, така било порано, така е сега, и верувам ќе биде во иднина. Тоа е нешто што нè прави различни помеѓу самите нас, но и различни од режимлиите и нивните слуги, за кои е недозволиво во јавноста да изразат дисонантен став.

Извор: Фејсбук профилот на авторот