Нови сознанија & признанија од „Странски служби“

25.03.2015 13:31
Нови сознанија&признанија од „Странски служби“

Службена обврска на Странски служби е да читаат службен весник. Од архивите: Еве како „ме зезаш“ службено стана судијка.

* * *

Џогирањето по грчките плажи е непресушен извор на инспирација за македонските политичари. Тие мора да одржуваат кондиција за да можат со сите сили да се борат за одбрана на името и идентитетот.

Нели?

* * *

Почитувани,

Вие што и покрај сè, верувате во нас, дека ние ги креираме разговорите. Мора да ви откриеме една мала тајна. И покрај сите наши обиди, со сите можни инструменти и тактички опреми, гласот на Силванева Бонева не може да се креира. Едноставно, не е можно.

А се убивме од работа.

* * *

При спонтана обиколка нaшето комбе го пресретна комбето кое разгледува градежни плацеви низ населбите на Скопје.

* * *

Прашање до Странски служби: „Дали началникот е ваш соработник?“
Одговор: Ние никогаш не ги откриваме нашите соработници.

Сепак, во интерес на јавноста, го објавуваме Транскриптот бр. 137 од 2010 година:

-Ало, Сашо.
-Ало началниче, кажи што ти треба.
-Итно ми треба пусулче дека не сум соработник ниту на странски ниту на домашни служби.
- Нема проблем. Сега ѝ вртам на Гоца, има за еден саат да добиеш документ дека не си соработник на странски служби.

* * *

Како што веќе рековме, ние ровариме низ Македонија повеќе од 100 години. Оваа фотка е од нашето следење на премиерот во Втората Светска Војна. Голем поддржувач на рекреацијата и спортот.

* * *

Еве како „Началникот“ во Сител го заштитува својот мобилен телефон од прислушкување на странски служби. Поздрав „Началниче“!

* * *

Странски служби дојдоа до идејното решение за новата рекламна кампања на Грујо звани ГУП и Миле звани ДУП.

* * *

Агенцијата ВМРО-ДПМ-НЕДВИЖНИНИ огласува:

* * *

Задача за екстерно по математика за Антонио Милошоски: Колку скопјани, прилепчани, кичевчани, охриѓани и преспанци има на „Широк сокак“, ако колоната е долга 200 метри, има по 10 луѓе во еден ред, а редовите се оддалечени еден од друг 1 метар?

* * *

Клин со клин се избива!
А странски служби, со странски инвестиции!
Па и ние сме странска инвестиција, будалетинки!

* * *

Демантираме каква било поврзаност со откриената техничка опрема за прислушкување во Гостивар, тоа е некоја паралелна Служба за која државата не знае, а за нас знаат зашто ние сме во тесна соработка со институциите на државата!

Извор: Странски служби

Насловна слика: Вековниот грб на Странски служби