Знаци

26.03.2015 17:58

Втиснато в дланка, писмото низ линиите носи
Глас за изгубените пари, срце, глава,
Злите јазици, наглата смрт, во знаците
Кои би ги порамниле како набори на постела,

Во знаците што не помагаат, јужниот пат на гуските,
Немирно читани, како кога огледало замаглува
Здив од благо раздвоени усни,
Како телеграми, собирање толпа -

На небото знак Х од авион, знаковна катастрофа:
Пред свирежот и ударот, пламена трага;
Пред кршот, пукнатина налик на влакно во гипс,
Собна мува која по воздухот панично чкраба.

Оригиналната песна


Гјертруд Шнакенберг (Gjertrud Schnackenberg, 1953), една од попознатите и поценетите американски поетеси, со многу престижни награди. Главна тема ѝ е историјата (можеби зашто татко ѝ бил професор по историја); често во елегичен тон таа пее за минатото кое во нас се вселува или фантомски нè опседнува; историјата ја третира како медиум за чувствата и мислите. Стихот ѝ е силен, танцувачки, музикален, укотвен во пентаметарот дури и кога е неправилен.
Шнакенберг била мажена за познатиот американски филозоф, Роберт Нозик, кој почина во 2002.

Гјертруд Шнакенберг на Окно:
Кугла-притискач

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото