15 милиони евра само од еден автопат?!

26.03.2015 18:09
15 милиони евра само од еден автопат?!

Ееееј човецииии, 15 милиони евра само од еден автопат?! А што е со браните, Скопје 2014, гасоводите, набавката на автобусите, авиопревозниците, аеродромот и сè останато?! Па колку ли бре само десетици и стотици милиони евра се исцицани од овој сиромашен презадолжен народ?!

И додека Тамари умираат, додека народот трпи за леб, додека десетици илјади си одат од земјата, додека студентите седат во „Гоце Делчев“ со влага и на промаја, додека се оданочени хонорарците на тие мизерни цркавици, додека се бришат од компјутер за социјална помош сите што заработиле барем 1000 денари од цепење дрва, додека болниците ни се распаѓаат, имаше слики за тоа од целата земја, тие до 5 сабајле се мачат како повеќе да украдат од овој народ?! И кога крадат, самите признаваат дека претерале, па Грујо се кикоти и вика „абе се претеравме, се претера новинарството“?! Се подјебава он со нас, еј?!

Намерно биле бирани фирми со надувани цени за автопатите за потоа да им украдат пари од истите тие фирми?! Значи, шемата била следна: на фирмата ѝ ја прифаќаат понудата од 370 милиони евра, а реалната цена била 270 милиони, за тие со 100 милион преплатени да ги наградат заради тоа што овие им дале 15 милиони провизија?! Значи, за да овие извадат провизија, сите ние сме оштетени за над 100 милиони евра кои ќе ги враќаме сите сосе камати, затоа што автопатите се градат со кредити, па тие украдени 100 милиони со камати ќе станат 150 милиони!

Значи за Грујо и Мијалков да украдат 15 милиони, ние сме оштетени за 150 милиони евра?!

СВЕ ДА ВИ ЕБАМ БРЕ КЛЕПТОМАНСКО, ИЗРОДСКО, МАФИШАЈКО, ЛУДАЧКО, НЕНОРМАЛНО! ВИЕ НЕ СТЕ ВЕЌЕ НИ ЗА ВО ЗАТВОР, ВИЕ СТЕ ЗА НА КОЛЕЦ ДА ВЕ НАБИЕМЕ СИТЕ НА КАМЕНИ МОСТ!

* * *

Марко Зврлевски треба ВЕДНАШ да даде налог за апсење на Груевски и цела влада!

МВР треба да се покажат како мажи и патриоти и да ги испоапсат копилињава, затоа што овие краделе, та се заборавиле!

Судиите потоа треба да се покажат како храбри и патриоти, да судат праведно според закон и да изречат максимални казни за памет за сите други!

Потоа треба да се распишат избори од страна на експертска влада на која сите ќе ѝ веруваат, таа влада треба да биде составена од експерти, оние малкумина на кои сите им веруваат, мораме да најдеме и такви, белки има и такви!

Потоа сите треба да се воздржиме од одмазди, колку и да заслужиле сите овие копилиња по медиумите, по институциите, по факултетите и по театрите кои се изживуваа со опозицијата и со овој народ целиот овој период. Одмазди не смее да има, затоа што тоа е еден опасен затворен круг од кој нема излегување!

И еднаш засекогаш оваа земја мора да ја средиме, да ни заличи мила и најубава, да си се гордееме со неа и да гинеме за неа, таа да ни биде наш дом!

Извор: Мактел
Слика: Александар Јосифовски