Одете си! Доста е!

27.03.2015 15:51
Одете си! Доста е!

Абе Грујо, абре лудаци, абре криминалци, абре мафијаши… не треба да се плашите ниту од опозицијата, ниту од преостанатите слободни медиуми, ниту од ваквите ко мене што зборуваат и пишуваат, што се прават паметни по портали или по Фејсбуци…

Ама и тоа како треба да се плашите од илјадниците кои молчат! И кои собираат јадови во себе размислувајќи како да преживеат, да го поминат денот, да го врзат месецот, да платат сметки, да се справат со извршители…

Тие молчат и молчат, и патат, и сеуште молчат… И слушаат како вие ја крадете државата, калапите милиони по сомнителни сметки на острови, дури и земјата ја земате и не знаете за доста, и ништо не ве наситува… Слушаат како ја закопувате правдата под бетонски плочи… Како се изживувате и се смеете врз туѓите несреќи кои всушност вие ги создавате…

Повлечете се со време! Бидејќи кога тие ќе престанат да молчат не би сакале да сте им на патот… Тогаш нема да ве спасат ни сите телевизии, ни сите „експерти“, ниту вашите милиони…

Одете си, оставете ја државава, не ја силувајте повеќе! Доста е!

Фејсбук статус на авторот

Слика: Свирачиња