На мојата нација

27.03.2015 16:59

Земја на деца, гладни, корумпирани/ владетели, службеници, земјопоседници, управители,/ кукавици, адвокатчиња нашлапале гел врз валканите нозе

Не арапски народ, не балкански народ, не антички народ,
     туку жива нација, веќе европска нација...
А всушност што си? Земја на деца, гладни, корумпирани
     владетели, службеници, земјопоседници, управители,
кукавици, адвокатчиња што нашлапале гел врз валканите нозе,
     функционери битанги како и затуцаните вујчевци:
една касарна, едно верско училиште, една слободна плажа,
     еден куплерај!
Милион сити буржуи како и милион свињи пасат
     буткајќи се пред новите палатички
и меѓу колонијалните куќи излупени како цркви.
     Баш зашто си постоела сега не постоиш,
баш зашто си била свесна сега си без свест.
     И само зашто си католичка не смееш да мислиш
дека твоето зло е целокупното зло, вината за секое зло.
     Потони си во своето убаво море, ослободи го светот.

Препев: П. В.

Пјер Паоло Пазолини (Pier Paolo Pasolini, 1922-1975), италијански режисер, поет, писател, филозоф, новинар, сценарист, драматург, една од најзначајните и најконтроверзните личности од италијанската култура на дваесеттиот век. Роден е во Болоња, а долго живеел во Казарса, во Фријулија. Голем дел од неговото младешко творештво бил напишан на фријулијанскиот јазик. Во 1949 се преселил во Рим, каде што бил убиен во 1975 година.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото