А сепак да не се многу 18 милиони евра!?

28.03.2015 18:57
А сепак да не се многу 18 милиони евра!?

Магнетна резонанца на маките!

Груевски имал план за излез од кризата.

Планот е секој што на кој било начин го прекршил законот да одговара пред институциите на државата!?

Замислете!

Јас не верувам дека постои друг премиер кој би можел да изговори ваква глупост, дека има план да реши некој проблем така што ќе ги казнува сите што ќе го прекршат законот!

Одговорноста пред законите, имено, е законска и уставна категорија, таа е основа на општествениот договор, таа не може да биде предмет на било чиј план!

Второ, може ли Груевски да одговори како функционирала државата пред тој да го состави својот фамозен план за решавање на политичката криза преку почитување на законите!? Во изминативе девет години!?

Трето, премиерот кој е ин флагранти фатен во кршење на законите, на уставот и на моралниот кодекс на општеството и на цивилизираниот свет, не е адреса од која можат да се смислуваат и емитираат дури и вакви смешни планови кои, ќе си дозволиме да кажеме, не говорат добро за психофизичката кондиција во која се наоѓа Груевски!

Четврто, тие проблеми ја намалуваат неговата работоспособност, но ја зголемуваат неговата моќ да произведува дополнителни количества општа несреќа!

***

Да не се многу 18 милиони евра!?

Три отсто провизија давам на тој што ќе ми каже пет проценти или 18 милиони евра, многу се, или не се многу! Оти, видете, заедно со парите што ги лапнав пред овие пари, ќе стигнам... чекајте да проверам...мммм... да... ќе стигнам до една милијарда евра, а ни два мандата не сум премиер! Да не е многу, а!

***

И пилотот на „Македонијавингс“ се има заклучено во кокпитот!

Механизмите на нашата драма се слични со трагедијата на германскиот авион во француските Алпи: и нашиот пилот се има заклучено во кокпитот и, еве, веќе десет години, македонскиот авион го има наведнато клунот и паѓа од безбедните височини на европското небо, во ниската магла на балканската самодеструкција! Меѓу очајните патници се шират гласини дека поради наглото губење на височината разумот на пилотот останал залепен за таванот на пилотската кабина! Брисел, Берлин и Вашингтон ја имаат шифрата за отклучување на кокпитот од надвор! Разумот налага светот да влезе и да види во што е проблемот! А не после да ја бара црната кутија по тешко пристапниот терен на Мариово! Или Овче Поле!

***

Премиерот спречува хелихоптерски десант врз МРТВ!

Ало, Миле, а, бе, знаеш ли дека комуњарите можат да ни влезат во телевизијата од горе, можат да извршат хелихоптерски десант, човеку, ако Синоличка и Стојанче, намачкани со црн ималин ни се спуштат на кровот, јас и ти ќе можеме да се сликаме само кај "бимбо", па ми текна, сега пред една минута ми текна, кога ќе дојдат над кровот обесени на тоа јажињата да ја поткастриме зградата за пет- шест спрата и да ги оставиме да висат, а, Миле, хахахаааааа, се скинав од смеење кога ми текна, со динамит, Миле, со динамит, дангау, пет ката, а ако имаат долги јажиња или перкашнот проба да ги спушти, можеме да пресечеме уште три ката, види како е во дупот па јави ми, каква заебанција ќе им направиме, Миле, хахахаааааааа!

***

Дошол премиерот на работа, кога таму жива душа нема, ниту секретарка, ниту министри, ниту чистачки, ниту келнери, никаде никого!

- Уф, јеботе - си рекол премиерот - па ова е како бомба да паднала!?

Слики: Свирачиња
Фејсбук статуси, 25-27.03.15.