6 години од тепањето на 28 март 2009

28.03.2015 20:09
6 години од тепањето на 28 март

Контрамитингаш

Утре во 12 часот, на плоштад во Скопје, најверојатно, збирштина од геј и атеисти ќе се обидат да шират гадости под закрила за грижа на архитектурата на градот, а против изградба на црква. (Јанко Јадибурек, 27.03.04, на својот блог)
02.04.2009.

Владо Апостолов
Крстоносци во Скопје

Стадо од 1.000 збрлавени Хунзи денеска не ни дозволија да го одржиме собирот против изградбата на црквата на плоштад. Носеа знамиња со крстови, икони и транспаренти на кои пишуваше „Сакаме храм“ и некакви молитви. Меѓу нив имаше членови на ВМРО-ДПМНЕ кои лично ги познавам.
28.03.2009.

Плоштад Слобода - Манифест

Во градот не живее народ или толпа. Во градот живеат граѓани, поединци. Во градот и во државата, барем кај нас, барем формално, според Уставот, не владее народна демократија туку демократија. Разликата меѓу демократијата и народната демократија е како разликата меѓу кошула и лудачка кошула.
08.04.2009.

ПРОТЕСТИ & КОНТРАПРОТЕСТИ Remix 2009

30.03.2009.

Ирена Цветковиќ
Неподобни по крв

Соња Исмаил којашто не присуствуваше на протестот беше забележена од камерите на националните телевизии. Или медиумите и политичарите лажат или Сителовиот холограм стигнал до злите сили на опозицијата.
29.03.2009.

Ирена Цветковиќ
Неколку капки осветена чешмовача

Осветување, мал млаз вода, камен темелник, премиер, лопата и освојување територија. Абе толку треба. Во некои поедноставни времиња цели војски се мобилизирале, крв и кал оформувале патека, глави се тркалале за парче земја. Сега освојувачките претензии се облекле во свилена руба. Нема збрцани знамиња. Само малку вода, песна, премиер, поп и лопата. Сосема доволно да се прогласи победа. Да се освои територија. Оче наш, штрак, штрак блицови, камери, насмевки и што е најтрагично - слегнати раменици. Осветено место не се гиба. Ако решил Николче Наш да озваничи ограда доволни му се поп, песна и вода. За лопата ќе се снајдеме.
06.06.2009.

Ирена Цветковиќ
Протест низ окната

Ама, видиш, ние бевме тие, истите де. Ние сме си, ама бевме лектира за прераскажување. Ликови од роман искористени за упикување кај „класниот“.
13.04.2009.

Летаргичан
Пази, кактус!

Ја виде нормални, здрави и прави студенти од едну страну. Ја виде бабачковци, здрави и напалени, љути и спремни да черечив од другу. Епа, тија чуруци немав гу направено туј дебелу шију сас кркање туршију. Тија, батка, како клинци имав кркано живи деца за доручак. Тија д`н`с су арми-фор-хај`р за разноразни потребе. Тија су канибали. Људи завршуев на интензивну негу, или у ковчеже од такви црепови. Тој су онија шампиони чиј најкарактеристичан муабет у колективно памќење е оној чаталџиско: „Еве ти дваесе денара. Иди купи ми бурек, цигаре, земи си за тебе сладолед, и да ми вратиш кусур педесе денара.“ Батка, дали мислиш дека ти у свои редови имаш нешто што може некако да парира на стотице овакви дебељаци? Што е тој, дојди ш`пни ми.
09.04.2009.

Летаргичан
Чирибу, чириба

Најтешко ми е к`д виду дека људи бладав демагогие. Ствара ми се кнедла у грло, к`д виду дека хејтерски гузице мрзив некои си њини незнанци. Побелуе ми по едно влакненце сас видување свакога еднога шабана кој мисли дека `некои работе едноставно такој морав`, без да ги пропушти кроз критичку призму, бар да ги промисли малце. Некој тој кажаја, значи - тој е истина, тој е начин. За све различно што се јавља - ништење, требљинка, таманација! Сакам да замислите стање како сингл-људи им се потсмевав на парови фатени за руку, на родитељи кои гуркав бебенце у количка, на фамилију седнати на сладолетче у кафетерију. Дали би се осеќале пријатно? Дали би браниле право на едни или на други?
02.04.2009.

Ана Ангелова
КоНЕчно добри вести

Јади Бурек симната од етерот на неопределено време!
Водителот на емисијата Јади Бурек која се емитува на Наша ТВ, Јанко Илковски, денес испрати соопштение до јавноста во кое ја известува својата публика дека емисијата ја става во мирување поради проблеми со здравјето. На препорака од докторите, следниве неколку месеци ќе ги помине на море, поточно на островот Халкидики, заедно со неговиот другар г-дин Драган Павловиќ.
31.03.2009.

Вуна
Нови откритија од мрачното доба: црквата “Св. Никола”, масовна гробница и јавна кујна кои датираат од 21-от век

Според одредени преданија, со литургиите во црквите „Св. Јанко” и „Св. Миленко” чиноначалствувале тогашните гласноговорници на власта јеромегафон пресветол Јанко и архизаговорник богоугоден Миленко, кои соодветно, поради заложбите во доменот црквоградителство и други политики, биле одликувани со посебни почести од Рунтавата Семакедонска Црква.
03.04.2009.

Збигњев Херберт
Цар

Си беше еднаш еден цар. Имаше жолти очи и граблива челуст. Живееше во дворец полн со мермер и полицајци. Сам. Ноќе се будеше и врескаше. Никој не го сакаше. Тој најмногу ги сакаше ловот и теророт. Но се фотографираше со деца, среде цвеќиња. Кога умре, никој не смееше да ги тргне неговите портрети. Погледнете, можеби и кај вас дома има негова маска.
14.04.2009.

Никола Гелевски
Мегафоните од фиреровиот сокак

Одбележувајќи го тепањето на студентите пренесуваме два текста. Едниот е објавен веднаш по насилството на плоштадот, а вториот е објавен на првата годишнина од настанот. По повод првиот текст од страна на Драган Павловиќ Латас против Никола Гелевски беше поведен судски спор, којшто Гелевски го изгуби и мораше да плати казна за клевета и навреда.
31.03.2009.

Ана Ангелова
Вистинските лица на очајот

Еден од последните музеи изградени во Вашингтон е посветен на жртвите на холокаустот. Дозволата за изградба е издадена 1978 за време претседателот Картер, а темелите се удрени седум години подоцна. Изградбата почнала 1989. Толку време било потребно да поминат сите бирократски дебати, јавни дискусии, избор на градежни фирми, архитекти и конечната дозвола од страна на „претседателската комисија за холокаустот“. Музејот е официјално отворен од претседателот Клинтон во 1993. Два претседатели, три влади и четиринаесет години по одлуката за градење - неверојатно долг период за градежната машинерија на САД. Причина: $200 милиони потребни за изградба на музејот, од кои ниту еден цент не е од буџетот на владата на САД, туку од приватни донации.
14.04.2009.

Владислав Петковиќ - ДИС
Наши денови

Од џандари направивме великаши,
Достоинствата ги поделија идиоти,
Лоповите работат богаташи,
Мрачни души се нарекоа патриоти.
Од џандари направивме великаши.

Својата мудрост ја фиросавме на избори,
Својата храброст на измами и бедотии,
На иднината и' ги труеме сите извори,
А поразите ги прогласивме за победи.
Својата мудрост ја фиросавме на избори.
23.04.2009.

Иво Андриќ
Писмо од 1920

Можеби вашата најголема несреќа е токму во тоа што не ни насетувате колку омраза има во вашата љубов и во занесот, во традицијата и во побожноста.
23.04.2009.

Ханс Магнус Енцесбергер, три песни

Доаѓа денот кога пак ќе се прибодат листи
на вратите и на опозиционерите врз градите ќе им насликаат
знак. Учи да чекориш непрепознат, научи повеќе отколку јас:
менувај ги квартот, пасошот, лицето.
Запознај се со малото предавство,
секојдневниот гнасен спас. Црковните објави
се корисни за потпалување на огнот,
манифестите: да замоташ путер и сол
за беспомошните. Треба бес и трпение
за во градите на моќта да се вдува
финиот смртоносен прав, сомелен
од оние кои многу научија,
кои се точни, сомелен од тебе.
30.04.2009.

Никола Гелевски
Спектаклук: болвја свадба

Тешко дека некој може подобро да го долови планираниот спектаклук на градскиот плоштад од телото на Роберт де Ниро во Cape Fear - чиста ликовна еманација на лудило и агресија.
11.05.2009.

Никола Гелевски
Во самицата на својот ум

Чопор стаорци грабнале некаква глава. На тоа наликува нашата пустина на реалното. Притоа стаорците не знаат дека ја грабнале големата митска македонска глава. Не е клопче. Не е копче. Тристатонска глава.
27.04.2009.

Никола Гелевски
28 март 2009

Тогаш, на 28 март 2009, во најсоголена можна форма видовме дека партијата се поистоветила со државата и дека навистина сака да контролира сè: и живо и мртво и насмеано и смуртено и религија и историја и сегашност и споменици...
01.04.2010.

Слики: Свирачиња