Долу народот!

23.02.10 12:30
Benetton-Summer-Spring-2010-Campaign-10-600x396.jpg

Во обидот да ни објаснат зошто годинава влеговме во уште подлабока политичка криза, аналитичарите набројуваат логични причини: тактичките грешки на претседателот Обама, тврдоглавоста на републиканците во конгресот, слепата партиска лојалност во Вашингтон, арогантниот идиотизам на кабелските информативни програми и заканите со свесно парализирање на процесите на одлучување преку непрекината дискусија во сенатот, поради што за гласањето на законите стана неопходно да се има квалификувано мнозинство. Сите тие се важни фактори, но на списокот недостасува најголемиот виновник за нашата состојба – детинестата, неука и неразумна јавност.

Според истражувањето на Галуп, 59% од американските граѓани пред една година ја поддржувале владината програма за стимулирање, за неколку месеци подоцна, со економија која и понатаму се грчи во рецесија, истото мнозинство да смета дека Обама троши премногу на истата програма. Се разбира, не е необично луѓето да се премислат, но овде се работи за сериозен проблем – граѓаните истовремено бараат и го одбиваат решавањето на проблемот со невработеноста, дефицитот, здравственото осигурување, климатските промени и останатите прашања. 60% од Американците ја поддржуваат построгата регулација на финансиските институции, но речиси исто толку од нив тврдат дека деловната регулатива е преостра. Тоа отсуство на логика – или таа подложност на популистичката манипулација – го одржува нашиот беден status quo.

Оваа контрадикција потекнува од нашиот посебен и историски неопределен однос кон државата. Од една страна, сакаме Вашингтон и државната администрација да ни ги решат сите проблеми. Истовремено сакаме да се намали државниот апарат, да троши помалку и да ни го намали данокот. Ние не ја сакаме државата како таква: според анкетата на CNN, 67% од граѓаните го поддржуваат балансираниот буџет, дури и кога државата е во рецесија или во војна, што е вистинска лудост. Како повеќе да ги сакаме конкретните влади: мнозинството граѓани се противат на намалувањето на трошоците потребни за смалување на дефицитот, а за идејата тие трошоци целосно да се укинат не сакаат ни да чујат. Речиси половина граѓани би сакале стимулативната програма на Обама да се стопира и големо мнозинство му се противи на уште еден стимулативен циклус. Но 80% од граѓаните се изјаснуваат за зголемување на надоместот за невработените и за поголеми вложувања во патишта и мостови, што подразбира – зголемување на стимулативните трошоци.

Непостојаните барања на гласачите обично се оправдуваат со тоа дека граѓаните се бесни и подложни на популистичката реторика. Но многу повеќе гледачи го следат Американски идол отколку Глен Блек, а нашиот колективен дефицит на логично заклучување попрво е исход на менталната немарност отколку на освестениот милитантен став. Поубедливо објаснување е тоа дека американските граѓани мислат дека живеат во земјата Дембелија, во која државата ги решава само големите проблеми, а во меѓувреме нè остава да правиме што сакаме. Целата земја сè повеќе наликува на Калифорнија, која плови во блажено незнаење и каде рејтингот на државните обврзници падна на либиско ниво, благодарение на референдумскиот систем кој на луѓето им овозможува да бидат уште понеодговорни од своите избрани претставници. Американската средна класа не сака ни да слушне за жртвување или вложување во иднината – освен кога се работи за славопојките на нашите славни претци. Ни се допаѓа идејата за носење тешки одлуки. Но кога последен пат и навистина го направивме тоа?

Денес најпопуларни се оние политичари кои ја заговараат филозофијата „живеј за овој момент“ и кои со трогнат израз на лицето го бараат невозможното. Погледнете го Скот Браун, новоизбраниот сенатор на Масачусетс. Тој сака државата да собере што е можно помалку приходи: потпиша ветување дека нема да глса за нови даноци и побара нивно сеопшто намалување. Но Браун, всушност, не сака намалување на државните трошоци. Тој се противи на намалувањето на исплатите за Medicare. Тој тврди дека е можно да се намали нашиот дефицит од над 10% од БДП, што е најголем по Втората Светска војна и кој почнува да ни ја загрозува положбата на светска воена и економска сила. А како да го направиме тоа ? Веќе погодувате – со тоа што ќе ги намалиме непотребните административни трошоци. Секој разумен човек, кој барем пет минути го проучувал буџетот, гледа дека тоа е неизводливо. Добронамерното толкување на овој став е дека Браун е претставник на наивниот оптимизам, на сомнителниот пристап на политиката кој Роналд Реган им го остави во наследство на републиканците. Сепак, поверојатно е дека Браун им угодува на незнаењето и илузиите на гласачите, како што прават и останатите републиканци.

Не велам дека она по кое нашите две партии се разликуваат е степенот на нивна почит. Станува очигледно дека вистинската разлика лежи во поделбата на малубројните сериозни политичари и мнозинството останати од обете партии кои им се препуштаат на предрасудите на јавноста. Претседателот Обама и неговиот економски тим би го сместил меѓу овие првите, како и гувернерот на Калифорнија, Арнолд Шварценегер. Факт е дека републиканците почесто ги прифаќаат нереалните идеи на гласачите, но и демократите веќе со години развиваат сопствена верзија на негирање на стварноста. Така републиканците ги потхрануваат митовите за помали даноци, послаба држава и стабилна клима, а демократите нè лулаат во соништата за одржливост на социјалните давачки и трошоците за новите програми.

Нашата неспособност да се фатиме во костец со долгорочните предизвици навестува дека САД влегуваат во период на своето историско опаѓање. Нашата неподготвеност да направиме конструктивни избори во економијата може да има негативни последици за остатокот од светот. За да го пренасочиме овој тренд, треба да престанеме да ги обвинуваме оние бедници кои ги избравме и да се погледнеме во огледало.


Извор: Slate

„САД влегуваат во

„САД влегуваат во период на своето историско опаѓање“?!
Интересна идеја.

Постов е истакнат како

Постов е истакнат како препорачан на насловната страница на <a href=http://ping.mk>Пинг</a>.

Испрати нов коментар

Содржината на ова поле е доверлива и нема да се објавува.
  • Адресите за веб-локации и електронска пошта автоматски се претвораат во веб-врски.
  • Дозволени HTML ознаки: <a> <em> <strong> <cite> <code> <ul> <ol> <li> <dl> <dt> <dd>
  • Редовите и пасусите се разделуваат автоматски.

Повеќе информации за опциите за форматирање

CAPTCHA
Ова прашање е да се види дали сте човек и со тоа да се спречат автоматизирани спам пораки. Најавете се доколку сакате да пишувате коментари без оваа проверка.

Препорачуваме

Демократија - тоа е општествено уредување во кое оние што те пљачкосуваат наместо другар те викаат господин.

„Верски центар“ е поим кој ме прави сомничав. Според мене, „Верски центар“ претставува нешто друго. Тоа не е доблест во социјалниот простор, туку нешто што има намера да го обликува тој простор. Не е нешто со кое живееш, туку нешто што е поставено за да ти диктира како да живееш.

Последниве година-две нашето општество е потресено од контроверзите и скандалите кои ги следат поставувањата на скулпурите на нашиот јавен простор. А како е во светот? Ова се десетте најконтроверзни скулпури последниве неколку години.

Прочитајте ги најновите дела од нашата неисцрплива книжевна продукција. Бројот на авторите е помал во однос на минатата недела, но радува фактот што одредени автори одржуваат континуитет и квалитет. Очекуваме и ваши конструктивни коментари.

ОкоБоли главаВицФото