Сликарство за слепи

03.04.15 12:59

Шпанското студио за печатење „Естудиос Дуреро“ разви посебен процес на печатење за да им овозможи на слепите лица да ги „видат“ т.е. почувствуваат сликите на славните стари мајстори. Техниката е наречена „диду“ и всушност ги претвора сликите со висока резолуција во скулптури.

На слепите лица, но и оние кои немаат оштетен вид, им беше овозможено да ги допираат сликите на изложба во музејот Прадо во Мадрид. Атмосферата од изложбата и повеќе детали за проектот можете да погледнете на сликите и видеото подолу.

 

Извор: Gizmodo

ОкоБоли главаВицФото