Поранешна девојка уценувала македонски фудбалер со снимки од неговите настапи за репрезентацијата

03.04.2015 13:17
Поранешна девојка уценувала македонски фудбалер со снимки од неговите настапи за репрезентацијата

Скопје, 3 април 2015

32-годишната Е.П. од Скопје го уценувала своето поранешно момче, инаку познат македонски фудбалер, дека ќе ги објави снимките од неговите настапи за фудбалската репрезентација на Македонија доколку не ѝ купи стан.

Таа и фудбалерот наводно биле во врска осум години, но кога репрезентативецот одбил да ѝ купи стан на нејзино име, таа почнала да го уценува со снимките од неговите настапи за фудбалскиот А-тим на Македонија.

„Девојката имала десетина снимки со очајни изданија на фудбалерот во националниот дрес, а тој бил загрижен дека ако снимките бидат објавени, ќе биде нарушен неговиот имиџ како еден од најдобрите фудалери во македонското првенство“, вели нашиот извор од ФФМ.

Според нашиот соговорник, освен уценуваниот фудбалер, биле исплашени уште неколку други репрезентативци, затоа што и тие се наоѓаат на компромитирачките снимки.

Адаптирано од: www.njuz.net

ОкоБоли главаВицФото