Сцената во Скопје, трагедија за Македонија

06.04.2015 10:16
Сцената во Скопје, трагедија за Македонија

Направив прошетка низ Скопје за да ги видам најновите споменици и згради што не сум ги видел. На прошетка низ центарот на градот, ме симнаа на главната пешачка зона до старата железничка станица, од каде што ја почнав потрагата по новата зграда на седиштето на владејачката партија.

Одејќи кон неа, бев обземен од големите столбови на зградата на Министерството за финансии. Се приближив до зградата, отидов до столбовите за да ги допрам бидејќи ми изгледаа премасивни за да бидат вистинити. И видов дека не се. Чукнав на нив, тие беа празни, изработени од гипс.

И тогаш ми стана јасно. Она што го гледав во текот на годините при моите посети на Скопје не е мега-процес на реконструкција на градот кој го менува неговиот пејзаж, туку процес во кој Владата гради театарска сцена.

Како и во театарската претстава, овие нови згради се нова архитектура, која треба да личи на старата, што потсетува на сценографија на трагична драма.

Каде и да погледнете, зградите се тенки и тие ги прикриваат постарите, повеќето од нив се дел од модерната архитектура, како што е случајот на зградата на Археолошкиот музеј кој ја крие модернистичката зграда на операта.

Дури и новата помпезна зграда на владејачката ВМРО, на само неколку метри од Министерството за финансии, е само неколку прозорци длабока (за сега). За разлика од министерството, тука столбовите се направени од вистински камен. Дали тоа што министерството е украсено со гипсени столбови, укажува дека државата е лажна, но партијата вистинска?

Ова е сцената - а со оглед на квалитетот на многу од зградите, на што привремено е поставена сегашната македонска трагедија: Владата и опозицијата се главните актери и еден хор од меѓународни актери.

Владата може да ги преживее, надживее обвинувањата за корупција и злоупотреба на службената должност, или би можела евентуално да се сопне среде обвинувањата, мобилизацијата на опозицијата, да дезертира од внатрешен или надворешен притисок (незабележливо во моментот).

Без оглед на исходот на кризата (пишував за тоа како да се надмине), сцената ќе остане. Дали ќе се распадне и ќе биде потсетник за 7-годишната лудост, и предупредување што една влада без скрупули и опседната со градењето на нацијата набрзина прави или ќе продолжи да биде реквизит за нов национален наратив кој се протега од згради до учебници во јавниот дискурс?

Лажните столбови сугерираат дека оваа сцена ќе бара континуирано одржување за да се одржи самата, а тоа дава некаква надеж.

Извор: fbieber.wordpress.com / НоваТВ
Слика: Александар Ковачевски

ОкоБоли главаВицФото