Во чест на југословенскиот дизајн (2)

10.04.2015 09:00
Во чест на југословенскиот дизајн (2)

На Окно веќе еднаш го претставивме  графичкиот дизајнер Зоран Кардула од Скопје, кој е пасиониран собирач на стари графички материјали, кои потоа се обидува да ги трансформира и осовремени.

Поттикнат од огромниот успех и пројавен интерес кај публиката за првата тура редизајнирани постери од Југославија, Зоран Кардула уште еднаш се осврнува на редизајнирање на рекламни материјали од славните брендови во Југославија, а направи нови редизајни и на плакати за различни настани од тој период.

„Се трудев да направам нешто модерно, софистицирано, но исто така нешто што ќе ги содржи најважните и најпрепознатливите елементи на брендот. Се надевам дека со овие посвети кај многумина ќе ги вратам убавите сеќавања на тие прекрасни времиња“, вели овој графички дизајнер.

Извор: Boredpanda

ОкоБоли главаВицФото