1007 hPa
35 %
19 °C
Скопје - Саб, 20.04.2024 14:59
Меган Ли е американска графичка дизајнерка и студентка по политички науки, но својот интерес повеќе го насочила надвор од правото и политиката. Таа е самоука дизајнерка, која, како што вели, „сè уште учи“.
Еден од нејзините најинтересни проекти е „Вашиот мозок на дроги“, кој се состои од серија минималистички постери, на кои симболично е прикажан ефектот на одредени дроги врз човечкиот мозок и психа.
Ли се осврнува на некои дизајнерски клишеа и за објаснување на ефектот од психоактивните супстанци користи веќе стереотипизирани форми и мотиви. Но, минималистичката изведба е просто беспрекорна, што ги прави нејзините постери препознатливи и привлечни за гледачите.
Извор: www.meaghanli.com