Ставрески: Велигденскиот ручек ќе го поминам во друштво на копилиња и лудаци

13.04.2015 11:05
Ставрески: Велигденскиот ручек ќе го поминам во друштво на копилиња и лудаци

Коза ностра традиционално известува за тоа како познатите личности ќе ги поминат празниците. Овој Велигден зборувавме со министерот за лудило, Зоран Ставрески, кој ни ги кажа своите планови за овој голем празник.

– Абе шо да ви кажам за празникот… ми стига смс од шефот, ми пишува да сме се собереле за Велигден, да сме направеле заеднички ручек, да сме покажеле сплотеност, да сме покажеле единство. Ми идеше да грабнам телефонот, да му ја скршам главата. Нешто ми дрнда таму. И сега треба да седам со сите копилиња корумпирани, со сите лудаци и лудачи, да ти ебам лудачите, да ти ебам. Треба да седам на иста маса со шефот, тоа ти е човек што изгубил контакт со реалноста, тој во посебен свет живее, не знае што е малку и дека нешто не може. И зборот не може не му е јасен на него… треба да седам заедно со Миле, а тој е едно од најголемите копилиња, тој е тежок сељак, тој е копиле, и тоа што нема да му рече премиерот, ќе го предложи, сељак, сељак, баш она сељак… треба да седам со ова копилево од Битола, Владо Талевски, пичка ли му матер. Копилево место да си го покрие криминалот, сега уште и празник ќе слави… треба да седам заедно со таа лудачата Бонева, таа европарламентарец шо изиграва, шупак… си викам ебете си матер, сè нека иде по ѓаволите. Јас не знам шо ме бараат мене, нека одат пратенициве, кај се пратенициве, ало? Кај се? Нек си ебат матер, нека го викнат Пешевски. Некаа го викнат Пешевски нека оди. Или нема време тој, втора мрежа прави низ државава? Абе ајде… ја и Горде ко казнети да сме – вели Ставрески и додава дека ако дополнително го изнервираат за време на ручекот може да земе некое јајце, да им ги искрши главите.

Извор: http://www.kozanostra.net/