Осум месеци чекав да го „пуштат“ вработувањето, а некој проверувал „чиј сум“

15.04.2015 11:33
Осум месеци чекав да го „пуштат“ вработувањето, а некој проверувал „чиј сум“

Осум месеци чекав да го „пуштат“ вработувањето. Сега знам, разговорот на кадровиците си покажува зошто било така. А во тие осум месеци подучував, преведував и уживав во преводот. Како што уживав и кога немаше изгледи за вработување и како што уживам и сега, како што ќе уживам и понатаму, на компјутер, со молив на хартија или со перо. Преводот никој не може да ми го земе. За тоа време, некој Стојче и некоја Наташа како бајачи во некоја дупка ме сецирале со молив (мене или кукла според мојот лик) и ми џбарале во утробата да видат чиј сум. И така, џбарајќи, ми ја дупнаа жолчката. Сега за нив имам само жолч. Со неа и ги пишувам нивните кодошки имиња и имињата на нивните наредбодавци. А преводот го пишувам со шербет. Но, да прочитаме како тоа беседеле Гордана и Панче.

„Ги гледав, значи Наташа и Стојче ги гледаат нон-стоп, значи затоа ти викам, не се дефинирани тие. За тие што се знае дека се СДС ги имаат лоцирано, тие шо се наши ги имаат лоцирано и тие се поминати, тие од ес-де-ес не поминуваат, меѓутоа имаме група на луѓе недефинирани...

ГЈ: Аха.
ПК: ...Ме сфаќаш? Ни се ваму. ни се таму...
ГЈ: Неопределени...
ПК: Неопределени. не моеш да ги лоцираш, и за таа група на луѓе сеа овој вика шо да праам...
ГЈ: Види, реално ние немаме некој инструмент да ги спречиме освен да помине годинава, да не им се обнови согласноста...
ПК: Да, тоа е... тоа е најлош момент ,
ГЈ: Не бе, не е лош, шо, тамам тие од ес-де-ес така ќе ти отпаднат.“

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Ковачевски