Билдер ја искористил паузата меѓу две серии сликање за да вежба

21.04.2015 12:30
Билдер ја искористил паузата меѓу две серии сликање за да вежба

Скопје, 21 април 2015

Горан Бошевски (24), бодибилдер од Скопје, денес за време на паузата меѓу две сликања во вежбална направил вежба за бицепси, дознаваат Пара вести.

Овој млад билдер вели дека напорно се слика веќе неколку месеци, поради што мора често да прави паузи, но ова е првпат за време на паузата да земе и тег во раце.

„Најчесто за време на паузата од сликање одам на Инстаграм да видам колку лајкови имам, или ја користам можноста да закачам слика на Фејсбук и да одговорам на коментарите како 'лудница', 'wow' и 'мммммм'“, вели Горан и додава дека поради нешто послабиот Ви-Фи сигнал малку гледал околу себе и вниманието му го свртеле теговите.

„Иако со месеци одам во вежбална три пати неделно, дури сега видов колку тегови има таму. Посебно ми беше интересно тоа што се подредени од најмалиот кон најголемиот. Зедов тег од 10 кила и откако инструкторот ми објасни како правилно се вежба, направив една серија бицепси“, додава овој билдер.

Горан открива дека досега бил многу дисциплиниран и се надева дека овој излет во вежбањето со тегови нема да му ја наруши рутината на сликањето.

„Во понеделник ги сликам бицепсите и градите, во среда трицепсите и грбот, додека во петок рамената и нозете. Многу почетници прават грешки и го прескокнуваат сликањето на нозете, а многу е важно на својот Инстаграм подеднакво да поставувате слики од нозете, како и фотографии од градите и рацете“, вели овој млад билдер и додава дека дури успеал да направи едно селфи додека кревал тегови.

Извор: www.njuz.net