Доблест

21.04.2015 13:23

Илјада и еден начин
има за изговор
да стоиш надвор
од круг на спор
што многу значи.

А само еден е вреден:
макар и стресен
да влезеш свесен
направо в среде.

Петар Т. Бошковски, поет, романсиер, есеист, критичар, драмски автор, преведувач, антологичар. Автор е на книгите: Суводолица (поезија, 1962), Постела од трње (поезија, 1970), Огледи и критики (1978), Небесен камен (поезија, 1985), Критички одзиви (критики, 1986), Бел ветер (поезија, 1991), Прелеста на проѕирноста (критики, 1993), Вториот источен грев (поезија, 1994), Александар на исток (тв драма, 1994), Црниот бик (роман, 1995), Никаде место (роман, 1996), Лилјаци (роман, 1998).

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото