Црна слава

22.04.2015 12:09

Насекаде денес има херострати
што палат храмови, сквернават пиети.
Затоа и нема меѓу нас да сврати
оној снежен човек што се вика Јети.

Тој си е барбарус, но на своја сметка.
Тој си е потомок на утроба здрава.
Цивитас е таа што од дива клетка
ни создава такви што руини прават.

Таа му е мајка на лудото време
коешто за челник сака луда глава,
па ѝ става венец на црната слава.

Ова не е стремеж за враќање назад,
а последен повик строго да се пазат
исконските врски од црното семе.

Петар Т. Бошковски (1936-2006), поет, романсиер, есеист, критичар, драмски автор, преведувач, антологичар. Автор е на книгите: Суводолица (поезија, 1962), Постела од трње (поезија, 1970), Огледи и критики (1978), Небесен камен (поезија, 1985), Критички одзиви (критики, 1986), Бел ветер (поезија, 1991), Прелеста на проѕирноста (критики, 1993), Вториот источен грев (поезија, 1994), Александар на исток (тв драма, 1994), Црниот бик (роман, 1995), Никаде место (роман, 1996), Лилјаци (роман, 1998).

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото