Масовни протести на средношколците и студентите во Скопје

24.04.2015 10:38
Масовни протести на средношколците и студентите во Скопје

Незадоволни од игнорантскиот однос на властите и министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми кој упорно одбива да се сретне со нив, вчера неколку илјади средношколци протестираа во центарот на Скопје.

Колоната средношколци се движеше од фонатаната во Градскиот парк, а поддршка добија и од неколку илјади студенти кои тргнаа од платото на УКИМ.

Пред да се упатат пред зградата на МОН, двете групи се споија пред владата, каде студентите симболично им предадоа факел на студентите и легнаа на земја, оддавајќи им почит на убиените студенти во Кенија.

Според некои проценки, на маршот учествувале 13.000 студенти и средношколци.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото