Телефонски број за помош на Ивона, која живее со бедни 1.500 евра месечно

25.04.2015 13:12
Телефонски број за помош на Ивона, која живее со бедни 1.500 евра месечно

Скопје, 25 април 2015

Македонската асоцијација на новинари (МАН) отвори телефонска линија за помош на Ивона Талевска, новинарката на „Сител“ и „Вечер“ која мора со 1.500 евра да преживува како мечка во пештера. Талевска била принудена и да ја огласи својата Ланча за продавање и да се откаже од купување станови поради тешката финансиска состојба.

„МАН апелира до сите хумани граѓани да донираат и да покажат милост за новинарите за кои мислат дека се заштитени мечки, а всушност се мечки во хибернација. Нашата колешка откако тендерот за фирмата „Визарис“ беше поништен поради „малку неетични“ причини, се наоѓа во независна позиција да се прехрани и да ги задоволи сите свои потреби со бедни 90.000 денари месечно. Завртете на бројот и помогнете“, се вели во соопштението на новинарската асоцијација.

Воедно, МАН апелира до сите кои сакаат да ја честат кафе Ивона, да се јават во просториите на организацијата.

Извор: kozanostra.net