Жарови

27.04.2015 10:59

За сите решителни и храбри „фаќачи на жарови“ што се борат за ГТЦ!

 

Баба ми си дозволуваше нешто
што нам ни го забрануваше
викајќи строго „Тита!“
Не со кација ами со голи раце
ги враќаше жаровите во огништето
кога ќе отскокнеа
до лесно запаливиот прибирок.
Брзо ги фрлаше назад
без да се жежне,
како да не ги ни допрела.

А тоа што понекогаш мене
кожата ми примирисува на изгорено,
знам дека се случува тогаш
кога жаровите во животот
ги фаќам со задршка и џева.
Едно е да постапуваш нужно,
друго е ако се перчиш.

Петар Т. Бошковски (1936-2006), поет, романсиер, есеист, критичар, драмски автор, преведувач, антологичар. Автор е на книгите: Суводолица (поезија, 1962), Постела од трње (поезија, 1970), Огледи и критики (1978), Небесен камен (поезија, 1985), Критички одзиви (критики, 1986), Бел ветер (поезија, 1991), Прелеста на проѕирноста (критики, 1993), Вториот источен грев (поезија, 1994), Александар на исток (тв драма, 1994), Црниот бик (роман, 1995), Никаде место (роман, 1996), Лилјаци (роман, 1998).

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото