Бомба#28: „Никогаш не сум спомнал за СГС“

30.04.2015 22:00

Разговор помеѓу Миле Jанакиески и Александар Панов

АП: Си ме барал министре? Сте ме барале викам…
МЈ: Аха, оваа кординација со овие што ти се комитетите под тебе.
АП: Да, денеска имав координација.
МЈ: Е па сеа еден исконтактирав, значи во сабота ќе дојди сдмм како се вика ова социјалдемокатската, СДМ да се исплакатираат градовите и поштенските сандачиња, прво... второ, ќе те молам кажи ми мислење, значи до девет часот да излезат на гласање сите што се претседатели на месни комитети и раководство до девет.
АП: Да, да.
МЈ: Од девет до десет да бараат фамилии, најблиски роднини, и од десет до дванаесет вработените и од дванаесет неопределените.
АП: Да, да, го знаиме тоа како и минатите избори, така ќе биде цел систем.
МЈ: Само кажи ми уште еднаш.
АП : Да, да.
МЈ: И нека си направат посебни шеми што ќе ти ги дадат.
АП: Да, да. ОК министре, ајде.

Разговор помеѓу Миле Jанакиески и Александар Панов

МЈ: Ало.
АП: Ало.
МЈ: Е?
АП:Еве сум..
МЈ: Каде е блокиран патот Велес?
АП: Росоман е блокиран патот..
МЈ: Росоман е патот блокиран.
АП: И више наваки преку Неготино фаќај
МЈ: Преку Неготино вика Александар да одиме.
АП: Да, да.
МЈ: А кој го блокира патот?
АП: Лозарите, лозарите... нели Винеја се продади, арно ама денеска му се донеси одлука од судот за поништување на таа одлука, така да..
МЈ: За која одлука?
АП: Одлука за продажба на Винеја винаријата.
МЈ: А зошто се бунеа?
АП: Па се бунат затоа шо а продадоа под цена и со тоа нема пари да го намират.. они... лозарите да бидат намирени, 600 илијади евра се кусо.
МЈ: А сега кој чоек го...
АП: Па сега обеќа овој газдата дека он ќе си ја... ќе земе кредит и ќе си ја врате повторно назад Винеја и ќе ги признае обврските.
МЈ: Тоа шанси нема.
АП: Па сеа ете го чекат газдата, тоа е работа.
МЈ: Од кај е?
АП: Го чекат газдата на Винеја да дојде.
МЈ: Кој е тој бе?
АП: Од Велес... од не знам каде е, мислам од Велес е по родум.
МЈ: Кажи ми сега, ме интересира кај е блокирано, знаеш?
АП: Росоман... ааа... клучката.
МЈ: Кај е блокиран?
АП: На бензинската пумпа тука каа се врте на ки Кавадарци.
МЈ: Кај е блокирано Александар?
АП: Таму е блокирано... бензинската пумпа на Росоман.
МЈ: Бензинската пумпа кај Росоман, кај клучката?
АП: Накај Кавадарци кај шо се врте.
МЈ: Накај Кавадарци?
АП: Не, не... само преку Неготино продолжите.
МЈ: Добро.
АП: Е така.
МЈ: Чекај сега... ааа... одам на Општински комитет.
АП: Идам и јас таму.
МЈ: Како стои сега, реално кажи ми.
АП: Да.
МЈ: Како е реално кажи.
АП: Не е убаво ништо.
МЈ: Е кажи ми.
АП: Не е убаво... унија на жени не е застапена, унијата на млади сили... не знајме кое место ќе ѝ го дадат, претседателот на советот..
МЈ: Претседател на советот му дале.
АП: Му дале 10-то место.
МЈ: Кој е претседател на совет?
АП: Тренчев Илија.
МЈ: Немам многу симпатии кон него.
АП: Како?
МЈ: Немам многу симпатии кон него.
АП: Не, не, ок е тоа, меѓутоа виа шо ги наместија ептен за никаде се.
МЈ: Ти кога би правел листа, кого би го ставил на црна листа?
АП: Па не знам, носител... можеби претседателот на унија на млади сили.
МЈ: Кој е тој?
АП: Слободан Ивановски, од заменик градоначалник ми е мене и претседател на унија на млади сили.
МЈ: Кај е тој сега?
АП: Влече младина...
МЈ: Аха.
АП: Има и Перо Бојков е добар, ама он не сакаше човекот, он самиот одбива.
МЈ: Зошто не сака бе?
АП: Не сака, стар е, он е шеесет и пет-шест години.
МЈ: А оти да не сака?
АП: Па не сака... така он човекот е повеќе стручњак отколку шо е политичар.
МЈ: Да напраам список?
АП: Не знам дали и сеа ќе дојде на состанокот, незнам...
МЈ: Ако не дојде на состанокот ќе му се јавам.

АП: Добро.
МЈ: А бе за Зоран Јованчев што мислиш?
АП: А бе и он е некое трето решение више ако неможат виа друзите.
МЈ: Толку...
АП: Никако, он четири и пол илјади гласа фана како кандидат за градоначалник... ќе биде сеа на Сител.
МЈ: А кога беше..
АП: Па беше, пред мене беше со Панчо Минов, беше кандидат за градоначалник... нема човекот сеа, знаиш како... не можиш ти да испадниш у кампања и да му се смеиш на луѓето сеа... а пред тоа на никој здраво не му викаш.
МЈ: Кажи ми уште нешто забелешка сеа кажи ми.
АП: Забелешка... па не знам сеа... таму, таму има луѓе кои шо е таа шо е, секретар шо му беше порано на вмро народна, Паламинова... нема никаков, нема ништо у партијата, никаков придонес и ја стават у листата.
МЈ: Која е таа?
АП: Паламидова Ленча.
МЈ: Да не придонела во народна да ги одвлечи?
АП: Ами таа а барат, и Горица а барат, и сеа таа си ја местат .
МЈ: А зошто е тоа, шо е работа?
АП: Е шо е, не знам јас шо е сеа... не ја бива, месните комитети...
МЈ: А која ти е тебе таа роднина...
АП: Која роднина?
MJ: Унија на жени да не ти е некоја роднина?
АП: А бе никаква роднина, каква роднина, немам ниедна роднина таму.

Разговор помеѓу Зоран Ставревски и Александар Панов

ЗС: Добро. Слушај, Заев е денеска кај тебе, така?
АП: За утре се, утре се кај нас.
ЗС: Не бе, Заев денеска е кај тебе.
АП: Ааа немам информација, јас сега два саата сум истегнат.
ЗС: Кај Гечев бил, па дали да идам и јас кај Гечев, тоа сакав да те прашам.
АП: Па не ќе е лошо, некња Гечев имаше убава изјава у Капитал за нас.
ЗС: Аха.
АП: Не ќе е лошо, Гечев, гледај, јас на министерот Јанакиески му кажав ако отиде премиерот мислам ќе ни биде полн погодок.
ЗС: Не може премиерот сега да...
АП: Знам, знам... Ама он вака вика, ако дојде тука ќе изјавам дека од оваа влада нема подобра, јавно тоа ќе го кажам... и после можеме тоа како убав спин да му го употребиме... нели, еве кандидатот и за премиер на СДС кажува добро за ова влада.
ЗС: Не, доволно е ние утре да направиме средба и да го покриеме ова што Заев бил таму, тоа ми е целта.
АП: Добро, добро, бива, бива.
ЗС: Збори ти со него, па ќе договориме.
АП: Не... одма, одма он прифаќа, тоа бланко му е прифанато нему.
ЗС: Океј, човече, да го планирме, не ја знам седницата на памет ама да го ставиме негде...
АП: Океј, ќе му се јавам сега на Антонио и ќе му кажам за ова.
ЗС: Е така, важи... ајде, поздрав.
АП: Океј министре, поздрав.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Александар Панов

АП: Ало.
МЈ: Александар, некои Минекс маркети имало Кавадарци многу?
АП: Да, да.
МЈ: Го држиме ли тој?
АП: Да.
МЈ: Ќе го биде ли за работење?

АП: Паа, сеа ќе го викнам јас утре, за утре мислам дека закажав со нив состанок. Еднаш ги имам на состанок викнато, утре уште еднаш ќе ги викнам
МЈ: Ааа.
АП: Ќе ги викнам сите и ќе посебно ќе... Он е малце на страна, меѓутоа мислам дека навива за нас.
МЈ: Треба да му кажеме да гласа за нас.
АП: Не, не, апсолутно. Ни имаме ни преку него вработено неколку.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Александар Панов

МЈ: Алоо, друже.
АП: Повели министере.
МЈ: Како е?
АП: Добро е, одлично, еве се шпартаме малце Кожувчанка, со Митко.
МЈ: И како е?
АП: Ами, над 40% имаме излезеност.
МЈ: Митко ги изваде ли неговите?
АП: Да, да, да, седиме сега тука, од човек на човек одиме.
МЈ: А тој маркетот?
АП: Да, да, и тија некња беше на состанокот со бизнис секторот, шо ти пишав да дојдиш, и он дојди и кажа, немате гајле не се секирајте.
МЈ: Александар, многу излезеност бе брат?
АП: Ами толку, сеа ќе видиш дека ќе спласне негде кај 1 саат, виќе луѓето нема да испаѓат, и после и од 5 до 7, од 5 до 7 ќе има излезеност.
МЈ: Ајде, вардете таму.

Разговор помеѓу Влатко Мијалков и Ќире Шошев

ЌШ: Алоо.
ВМ: Кире, шо праеш?
ЌШ: Добро брат, еве гледам вести, да а е...
ВМ: Се врати ли?
ЌШ: Аха, аха, тука сум.
ВМ: Абе братче.
ЌШ: Еј.
ВМ: Многу се јавуваат луѓе во последно време коишто имаат, овие сеа објекти, така напуштени, руинирани, заинтересирани се да ги земат под наем да работат нешто. Сеа таму кој е кај тебе, таму кој е главен сеа за тие работи?
ЌШ: Илми Селами.

ВМ: Илми Селами, он шо е сеа Илми Селами?
ЌШ: По министерот, он е главен за сите работи недвижни работи во министерството за одбрана.
ВМ: А тебе шо те ставија на страна?
ЌШ: На страна сум јас.
ВМ: Илми Селами, а?
ЌШ: Ааа Илми, тој шо беше претседател на антикорупциска комисија.
ВМ: Аааа. Како ние договаравме да се видеме со него?
ЌШ: Ами јас му дадив наа, овој број на Атанас, он му вртел ама не му дигнал, преѓеска јас му вртев и мене не ми дигна. Он и порака му пуштил, и така, не знам шо се случи понатаму.
ВМ: Илми Селами... Ооо, тој Илми Селами со наочарите, дебелиот?
ЌШ: Аха. Дебелиот тој...
ВМ: Дебелкото, а?
ЌШ: Јас и за тебе му спомнав, му викам воа е другар на Мијалков, шо сака да прави ова таму шо треба. Ааа. Добро, добро, вика ајде, вика да помине некое време таму, нека се спрема па ќе го објавам.
ВМ: А он како може клуч да добие, од кого да добие клуч да си влезе таму?
ЌШ: Шо од кој ?
ВМ: Од кого може клуч да добие да се влезе таму?
ЌШ: Клуч... клуч може да добие таму од Трајчето Чатмов, го знае он Атанас.

Разговор помеѓу Влатко Мијалков и Ќире Шошев

ВМ: Aлоо Кире, шо праеш?
ЌШ: Шо праиш, брат, добро.
ВМ: Ти шо праеш?
ЌШ: Добро, добро, му се јавував, ама не ми дигна да а ебам мајка му .
ВМ: На Селами?
ЌШ: Ааа, Селами.
ВМ: Јас ќе го натерам Селами да ми се јави на мене бе.
ЌШ: Да бе, да.
ВМ: Шо се секираш ти.
ЌШ: Нее, ама криво ми е да а ебам мајка му да а ебам.
ВМ: Ја викам преку тебе сега, пошто си таму, ако не чине така, ќе одиме со потешка артилерија
, е сеа, еее Селами....
ЌШ: Додека беше Коњаноски газот ни го лижеше, да а енам мајка му да а...
ВМ: Тоа е бе Кире.

Разговор помеѓу Влатко Мијалков и Ќире Шошев

ВМ: Шо прајш газда.
ЌШ: Братче, добро бе, еве сеа само шо завршиме тука ваа прославата.
ВМ: Абе јас те барав денеска, сакав да дојдам ама заглавив овдека.
ЌШ: Епа, добро, добро сеа.
ВМ: Имав еден куп луѓе.
ЌШ: Знам, тука беше многу убаво, многу луѓе, многу народ 2-300 луѓе имаше. С’с народо.
ВМ: Да брат, така е. Слушај.
ЌШ: Ејј.
ВМ: Ааа, кој ви е таму началник на полиција? Вмровец или СДС-овец?
ЌШ: Ами вмровец, од ВМРО е поставен.

ВМ: Ааа. Како се вика?
ЌШ: Живко Толов.
ВМ: Живко Толов, а?
ЌШ: Да не ти треба нешто кажуј. А?
ВМ: Па ништо, се јавив таму, Кавадарци имало некоа гужва, имало некоа гужва у Кавадарци таму.
ЌШ: Не знам, не сум чул јас, кога тоа?
ВМ: Не, не можеш да чуеш, тоа било сеа пред 5 минути. Му се јавив на Митко Чавков... и така.
ЌШ: А шо гужва имало, кој направил гужва?
ВМ: Абе се степале.
ЌШ: Каде бе?
ВМ: Се степале бе таму на Михов, тоа како се вика, на Агро Тиквеш. Работниците се степале меѓусебе бе брат бе.
ЌШ: Каде бе се степале работниците?
ВМ: Не знам сеа, каде, каде од кај да знам каде.
ЌШ: У Тиквеш?
ВМ: Батали бе, шо те боле кур тоа, нека се тепат нека скршат глава, ајде.
ЌШ:Добро, добро.

Разговор помеѓу Слободан Николовски-Цобе и Сашо Мијалков

СМ: Цобе, што правиш бе?
СН: Е, директоре здраво. Добро, Вие што правите?
СМ: Добар, еве малце, да ти кажам...
СН: Да одморите.
СМ: Излезен сум и така, да.
СН: Добро. Ја дома, гледам вести, па така, да.
СМ: Ти се јави Коњановски?
СН: Не, не ми се јавил. Не ми се јавил.
СМ: Му го дадов твојот број уште прееска, ќе ти се јави.
СН: Да.
СМ: Започната е постапката за концесиите.
СН: Е па добро.
СМ: Па му реков тендерската документација да ти ја даде тебе, да се разгледа.
СН: Да, да, готово, нема проблем.
СМ: За да се спреми, за да се спреми стратегија.

СН: Да, готово, нема проблем, ќе ја земеме и ќе ја разгледаме.
СМ: Значи он ќе те бара, ќе ти ја даде.
СН: Важи, важи.
СМ: Таман тоа нема да биде на... Тоа ќе биде или на следната или на последната седница, ќе се овај, одобрува тендерската документација и врз основа на тоа се почниња постапка, т.е се отвара тендерска постапка.
СН: Да, да, да. Добро...
СМ: Таман јас ќе бидам таму и така да...
СН: Штом ќе ме побара ќе го... ќе ја земеме и ќе ја рагледаме, нема проблем.
СМ: Што има друго ново?
СН: Па ништо, еве работиме. Сега малце годишни одмори, луѓето ги пуштаме на годишни одмори, таа е законска обврска. Така да направивме над 920-930 луѓе сме сега.
СМ: Аха, добро е.
СН: Голема бројка, добро е. Сега е добро, па ќе видиме, здравје. И така.
СМ: Чекај, ова да го завршиме, уште Т-Мобиле и па више доаѓаш до 1.100.
СН: Т-Мобиле и ЕЛЕМ, над 1.200 ќе бидат. Па ќе видиме, здравје само.
СМ: ЕЛЕМ со Дејан.
СН: Како?
СМ: ЕЛЕМ со Дејан.
СН: Да, да, да. Не, постапката и таму веќе, кај и да е, ќе биде. Има тендер, све таму. И таму е... за почеток 50 луѓе таму, па после ќе видиме. Зошто тие имаат нели нивни...
СМ: Чекај, имаш ти контакт со Дејан?
СН: Не, ја тераме таа работа. И тендер објавија и...
СМ: Па не, со Дејан треба да... за да имаш у...
СН: Не, не, нон-стоп сме со него, нон-стоп.
СМ: Е. добро.
СН: Ја тераме, за тоа не се секирајте. Викам за почеток 50-тина луѓе ќе бидат пошто тие имаат нивни чувари и сега како...
СМ: Кога ќе се одлучува тоа?
СН: Па мислам таму во септември почнува, зошто тој тендер... до септември мислам.
СМ: Одлично.
СН: Да. Ќе биде, тука ќе се видиме кога ќе дојдете.
СМ: Ај сега баш ќе му свртам и на Жаре да видам до каде е таа работа.
СН: Да, добро.
СМ: Со него. Има нешто ново, таму во Т-Мобиле.
СН: Па сега за сега нема. Тој рече оној пат се слушнав, рече завршена работа е. Сега чекаме, па ќе видиме како ќе биде.
СМ: Добро, види со тоа. Ако треба нешто се слушаме.
СН: Важи.
СМ: Ајде.
СН: Убаво да си поминете, се слушаме.
СМ: Ајде.
СН: Поздрав.

Разговор помеѓу Слободан Николовски-Цобе и Сашо Мијалков

СН: Ало.
СМ: Е, Цобе што правиш?
СН: Ало. Директоре, само една консултација со Вас, може да зборите?
СМ: Може.
СН: Вака, пошто не се видовме, а во 14 часот сме договорени со Телеком...
СМ: Да.
СН: Ме бараат за преговори, за договори за финален, така го нарекоа тие, состанок.
СМ: Добро.
СН: Е сега, прво околу оној оперативниот дел од работата, како ќе ја извршуваат, тоа не е проблем, тоа ние ќе си го договориме.
СМ: Добро.
СН: Него, ако евентуално околу цените или...
СМ: Не, тука ќе играте малце по... понефлексибилно би рекол, потврдо.
СН: Мхм.
СМ: Ама коориднирај се со нивниот директор.
СН: Со кој? Со Жаре?
СМ: Да, да.
СН: Ај јас ќе се слушнам.
СМ: Јас сега ќе му се јавам на него, да.
СН: Да, да, ми се јави он да ми каже стојте на таа цена, не попуштајте.
А ако треба да попуштаме, тука сакам да се договориме, како да...
СМ: Ако треба ќе се деси и тоа, но ќе си пробаш прво без да се деси тоа.
СН: Да, добро, јас ќе им кажам писмено ќе ве известиме, ќе се отргнам од проблемот, а после ваљда ќе се договориме со Жаре дали треба или не треба.
СМ: Да.
СН: Тој ваљда подобро ги знае приликите.
СМ: Океј.
СН: И писмено ќе им кажеме. Добро.
СМ: Океј, така.
СН: Поздрав, пријатно.

Разговор помеѓу Слободан Николовски-Цобе и Сашо Мијалков

СМ: Ало Цобе.
СН: Ало директоре, здраво. Не ми кажавте за со Жарко, па затоа Ве барав.
СМ: Ааа, зборев со Жарко.
СН: Да?
СМ: Да, да. Зборев јас вчера со него. Рече дека ќе провери, дека мора да провери.
СН: Дека не...
СМ: Ама он е 9 саата минус.
СН: Значи немаме сега дефинитивен одговор за тоа дали да одиме. Затоа што тие постојано ме бараа и вчера и денеска. Како?
СМ: У Сан франциско е минус 9 саата, ќе треба да го почекаме да стане.
СН: Аха, е па добро, добро.
СМ: Значи минус 9 саата е. Сега е 2.30, минус 6 е 8.30, минус 3... 5.30 е таму сега.
СН: Добро. Ајде кога ќе го слушнете...
СМ: За 2-3 саата ќе го барам.
СН: Важи. А за возилата ги видовте тие списоците?
СМ: Еве тука ми се на маса, ќе те барам за кратко.
СН: Јас планирав да, сега извинете планирав малце...
СМ: Да.
СН: Пошто времето ми оди, да ги земеме половни. Ладите ги гледавме 9.000 евра, тие се многу. Да одиме до Германија или до Швајцарија, таму има до 3.500 може да се земат така.
СМ: Сега ќе те барам за кратко, само овдека завршавам за 5-10 минути и те барам.
СН: Важи, договорено.
СМ: Ајде.

Разговор помеѓу Слободан Николовски-Цобе и Сашо Мијалков

СМ: Ало Цобе?
СН: Ало директоре, здраво.
СМ: Здраво, што правиш?
СН: Вака сега, сакав да Ве консултирам за една работа. Па и деновиве не знам како сте со обврски...
СН: Добро.
СМ: За деновиве да поминам за... имаме нели превземање од Телеком, ќе ни треба опреми, едно-друго, па да Ве информирам што се трошкови ќе направиме за...
СН: Е па ајде ја и ти да се видиме покасно.
СН: Кога?
СМ: А бе многу овие денови ме фати гужва да ти кажам. Нели гледаш овие што прават по судови, протестираат, праат.
СН: Па јас сакав сабајле да дојдам порано, ама сега ми се јавивте и... А сабајле да дојдам во 10.30, кога ќе дојдете прво...
СМ: Ај ќе пробам денеска ако може да те видам, ако не утре најкасно сабајле се гледаме.
СН: Утре сабајле да дојдам. И уште една работа, само ова мора веднаш да ја решиме. Со Телекомот, нели сега нив ги обезбедуваме и...
СМ: Како?
СН: Телекомот...
СМ: Да.
СН: Нели со нив сме договорени, од 1 ги превземаме и сега оваа Албафон што е новата...
СМ: Албафон?
СН: Да, и тие дојдоа, и тие бараат да ги обезбедуваме.
СМ: Да, да, знам. Тие ми се пријатели.
СН: Да. И сега има таму една клаузула во Договорот со нив дека, да го задржиме правото на ексклузивност, значи само нив да ги обезбедуваме, да не озбезбедуваме некоја фирма со слична дејност таму што е.
СМ: А, не бива таа работа.
СН: Да, и сега тука ќе мора на овие да им откажеме.

СМ: Ќе си го тргнат тоа од Договорот и готово.
СН: Е тоа сакав да Ви кажам.
СМ: Тие знаат ли кај бараат ексклузива? Кај го има тоа бе?

СН: И требаше да видиме со Жарко да зборнете вие, па да видиме дали ќе може да се тргне. Иначе со Договорот сме обврзани на таа ексклузива
СМ: Чекај малце, тоа го има во кој договор? Во, во...
СН: Во Телеком.
СМ: Кај Жарко?
СН: Да, да, да.
СМ: Аха.
СН: Треба да со него да се спомне, дали тој дел од Договорот, таа ексклузива...
СМ: Ја мислев тие новите тоа ти го бараат.
СН: Не, не, новите не. Тие одма договоривме, одма нè прифатија и тоа, мислам со нив све сме се договориле.
СМ: Ќе зборам со Жарко за тоа.
СН: Да, за тоа зборнете. Ама ни треба хитно тоа, зошто договорот веќе треба да го вратиме и само тој момент ни остана недефиниран.
СМ: Океј, ајде. Ме бара Премиерот на другата линија, ќе те барам.
СН: Добро, договорено.
СМ: Ајде.

Разговор помеѓу Слободан Николовски и Сашо Мијалков

СН: Ало.
СМ: Е Цобе, што праиш?
СН: Еве директоре, здраво, добро, еве во канцеларија работиме. Вие што праите?
СМ: Што има ново?
СН: Па ништо, баш ја сакав кај 11 саат да ве побарам вас и да се видиме ако имате време.
СМ: Еве сум тука на работа ја, овај... сега дојде Џоле Поповски.
СН: Да.
СМ: Во 11:15 имам состанок еден, а во 12 сум кај Ставрески на состанок. Е сеа, кога?
СН: Кога ќе кажете, јас сум тука. Кога ќе кажете, тогаш ќе дојдам, не е проблем.
СМ: Е па, дали до 12 или после Ставрески?
СН: Можам јас и сега во моментов да дојдам, значи вие...
СМ: Ама сега доаѓа Поповски, имам со него да решавам, го решаваме буџетот ние кај Ставрески сега у 12.
СН: Мхм.
СМ: Па со него морам да видам.
СН: Да дојдам пред 12. Ќе дојдам јас 11 и пол.
СМ: Колку време ти треба?
СН: Па онака некои работи што ни се побитни да видиме, околу некои тендери, едно, друго. Со Ставрески ако се видите таму, доста со овие, има некои фирми што тој нели... сега не знам дали би прифатил тој такво нешто, ама негде помош... Јегуновце таму гледам, фабриката Југохром, тој гледам таму оди, нити има добри позиции таму, може...
СМ: Југохром се таму оние Русите?
СН: Па не, тој има некои луѓе што му се на него блиски многу и тие луѓе се на многу добри позиции таму кошто можат добро да изменаџираат за нас. Цело време го бркаме, знаеш, ама пак се врти во круг, никако да тргнат. Ај кога ќе дојдам ќе поразговараме за тоа. Ја ќе бидам таму 11 и пол...
СМ: Во 11 и 15 ќе дојдат други и тие ќе се задржат 20 минути и ја више ќе треба да тргнам за кај Ставрески, знаеш. Да не доаѓаш на кнап. Ја кај Ставрески нема да бидам поише од еден саат. Поубаво е после, по на раат.
СН: Е па важи. Ајде, ќе дојдам во 1 или ќе ми се јавите.
СМ: Јас ќе те барам од таму кога ќе тргнам, важи?
СН: Важи, договорено.
СМ: Да не биде набрзина, на трчање.
СН: Нема проблем, нема проблем. Јас ќе чекам да ми се јавите.
СМ: Ајде.
СН: Ајде. Поздрав, пријатно.

Разговор помеѓу Муса Џафери и Сашо Мијалков

МЏ: Во таа агенцијата за обезбедување...
СМ: Да.
МЏ: СМС, не знам како се вика...
СМ: СГС.
МЏ: Е. Има некои членови, вака битни активисти на ДПА од Чаир, но и некои кои се гонат...
СМ: Знам.
МЏ: Ми пренеле дека работат за таа агенција.
СМ: Ќе го решиме тоа брзо.

МЏ: Е така. Или заради тоа...
СМ: Ја чекав да ми кажат имиња, и сè уште не ми дадоа имиња. Мене ми рекоа ќе ги отстраниме, ми ургираа од друга страна, од кај вашиот, од кај овој...
МЏ: Пошто тие...
СМ: Од кај овој бе, од кај вашиот од Чаир...
МЏ: Ааа... ама мене ми пренеле дека тие се, без разлика тие се, не може да бидат сите ДУИ. Ама ако се знаат дека се проблематични...
СМ: Не бе, ќе бидат ДУИ, зошто да не бидат? Ќе бидат ДУИ, зошто да не бидат ДУИ.
МЏ: Па тие ДУИ не можат да бидат, тие се...
СМ: Па не се ДУИ. Мене ми кажаа, ама ја не знам кои-кои се. И требаше овој вашиов од Чаир, како се викаше?
МЏ: Едниот од тие...
СМ: Како се викаше вашиот од Чаир?
МЏ: Како?
СМ: Вашиот у Чаир што ви е главен, како се викаше?
МЏ: А, Асани!
СМ: Не бе Кацани, овој, ееј, не можам името да му го кажам...
МЏ: Еее, претседтел на огранок или што мислиш?
СМ: Таму што ви е главен на вас и нели што е со Али исто близок.
МЏ: Ама тој е, кај нас моментално претседател на општински огранок е Бекир Асани, а тој другиот...
СМ: Е Бечо, да. За Бечо Зборам.
МЏ: А другиот исто се презива Асани, што беше, што учествуваше 2008 и има потерница со овај...
СМ: Не, не. Слушај ме сега.
МЏ: Асани се вика по презиме.
СМ: Бекир Асани вашиот.
МЏ: Не, не и другиот се презива Асани.

СМ: Не ме разбираш. Дослушај ме до крај. Вашиот Бекир Асани, преку луѓе што ги познавам ми кажа за оваа работа. И јас му реков океј, тие луѓе ќе бидат тргнати, дајте ми ги имињата. И Бечо вашиот требаше да ми ги даде имињата и јас не ги добив имињата. Кажете ми ги, дајте ми ги имињата на тие луѓе, да се тргнат, разбираш.
МЏ: Океј.
СМ: Јас знам дека има луѓе, ама не ги знам по име. Дајте ми ги имињата.
МЏ: Океј.
СМ: Ме разбираш?
МЏ: Океј.
СМ: Е, така.
МЏ: Ајде, се слушаме утре. Чао, чао.
СМ: Важи, ајде.

Разговор помеѓу Слободан Николовски-Цобе и Сашо Мијалков

СН: Да?
СМ: Еј Цобе, шо праиш?
СН: Добро, еве надвор, тука сме.
СМ: Кажи ми, во врска со овие имињата што ти ги дадов, овие?
СН: Беше вчера човекот со мене, разговаравме.
СМ: Кој?
СН: Со Бушот.
СМ: Аха.
СН: И јас мислам овде по разговорот видов дека е лично. Му викам што имаш со овој, со Бечо, ништо вика, душмани сме. Му викам со партија и тие работи. Не бе, вика јас сум си добар и со ДУИ и со сите. Но, ми вика меѓу нив имало некоја крвна завера нешто и сега лично овој форсира дека не чинат луѓето, оди на страна. Демек сака преку нивната лична завера и луѓето, штета прави на сите нас. А без нив таму не можеме да работиме. Овие нема да пуштат никого.
СМ: А види сега, како да најдеме некое решение, оти овие се јавија вчера пак, и нè условуваат за гласовите што треба да ги дадат, мора да направиме некој бај-пас барем привремено додека не завршат изборите. А?
СН: Едино да ги тргнам тие луѓе што се, во друг реон, пред штабови да не се гледаат. Е сега ептен ако е толку, а тој е со ДПА и влегуваме и во друга игра, ДУИ нè уценува, малце незгодна ситуација.
СМ: Абе незгодна ситуација, ама мора да најдеме некое оптимално решение оти ова сега е голем интерес партиски.

Разговор помеѓу Слободан Николовски-Цобе и Сашо Мијалков

СН: Ало.
СМ: Ало.
СН: Еј директоре, здраво, шо праиш?
СМ: Што праиш, Цобе?
СН: Добро, еве сум со луѓето, по договореното, ве побарав да се видите.
СМ: А, кој е тука? Кои бевте?
СН: Па еве овој од Бугарија што е менаџерот, тој Турчинот и син му од газдата е тука со него.
СМ: Види вака сега. Јас сум во Палас сеа на вежбање.
СН: Да.
СМ: Од тука... многу гужва денеска ми се направи бе, невероватна работа.
СН: Ако имате време, 5 минути.
СМ: Од тука со Абдулаќим Адеми... не, не, ќе се видам сигурно. Абдулаќим Адеми ми е за саат време.
СН: Мхм.
СМ: Па после доаѓам на работа, таму ме чекаат едни Грци, ме чекаат од организиран криминал.
СН: 5 минути негде, тие нема да се задржат. Кај ќе бидете таму ќе дојдеме. 5 минути, толку сакаат да се видат со вас.
СМ: На работа ќе дојдат, каде?
СН: Е па, добро, кога ќе бидете таму...
СМ: Ааа, накај 2 и пол.
СН: 2 и пол.
СМ: Ајде.
СН: Добро, добро, договорено.
СМ: На работа да дојдат.
СН: Добро, договорено.

Разговор помеѓу Дејан Митревски-Урко и Сашо Мијалков

ДМ: Да, шеф?
СМ: Што праиш Урко?
ДМ: Еве сега се облакам дома, па ќе идам накај...
СМ: А бе, вчера немав време да ти се јавам. Тоа во Фокус, виде ли таму што пишуе бе...
ДМ: Ајде бе, не ни читам.
СМ: Знаеш ли сега што направија твоите глупости. Гледаш ли сега?
ДМ: Е што направив бе шеф?
СМ: Е, што направи. Како што направи? Напраи затоа што таму у почеток збореше. Вака ќе правам, така ќе правам, по луѓе збориш. Доаѓа до ушите на СДС.
ДМ: А, што сум зборел, вака ќе праам, така ќе праам?
СМ: Ги напаѓам тие СГС, ќе видат, ќе ова, ќе она... Е од таму се тие муабети, да знаеш.

ДМ: Нема врска, не држи вода. Некој ти го кажал ова. Никогаш не сум спомнал за СГС, поготово и од тоа се тргам, нити планирам, нити сакам контра тебе ја во некој поглед да бидам. Ова е глупо што некој го збори и го мисли, мене ме мести цело време. А, цело време масло е на Верче и на Рамче. Што е ова.
СМ: Ова е срамота бе.

ДМ: Срам е, да. Ама, ќе дојде време кога ќе им виси на главите и на Рамче и на Верче. Од нив е ова сè, нема од кој. Јас не сум те спомнал нити тебе, нити Агенцијата, баш те поддржавав.
СМ: Не, ова е од СДС. Како доаѓа до СДС, тоа е друга работа.
ДМ: Јас за тебе ќе зборам? А бе ти, шо сакаш дослушај, у куќа да ми отвориш мене канцеларија некоја, ќе ја поддржам од тебе дека е. Зошто не ми веруваш ти мене? Јас ќе зборам за СГС. Јас не сум политичар, ти си тој. Твоја проценка. Ти што ќе процениш јас тоа ќе поддржам. Кога јас сум се контрал со тебе?
СМ: Добро.

Разговор помеѓу Слободан Николовски-Цобе и Сашо Мијалков

СН: Ало?
СМ: Цобе, што правиш?
СН: Е здраво директоре. Бев малце излезен, па се враќам накај дома.
СМ: А бе Цобе, сме имале некоја интервенција сабајлево во некоја куќа. Што е работата?
СН: Кога, денеска?
СМ: Да, денеска.
СН: Па денеска имавме договорено една работа, луѓе има градат горе.
СМ: Да.
СН: Над ова Кочо Рацин школото.
СМ: Аха.
СН: И се договоривме за обезбедување на плацот. Е сега тоа било нивно приватно земјиште. И сега некој Шиптар, таму не знам, може Вие да го знаете...
СМ: Турчин.
СН: Му било пред двор и мислел дека е државно и сакал да го купи како двор за 1 евро. А човекот си има и имотен лист, и дозволи за градби и све. И сега дојде таму, почнаа да... ама ние им рековме: Ние го обезбедуваме ова, нема влегување. И после тоа дојдоа некои Шиптари, правеа некои циркуси, ама не му дозволивме и после на крај донесоа некое судско, као времена мерка да престане тоа додека се реши. И ние сега пак го чуваме, ама ќе видиме како. А луѓето...
СМ: Плаќа ли тој за тоа?
СН: Да, да, да. А луѓето си имаат...
СМ: А кој е тој што плаќа?
СН: Па Игор се вика, Игор, Македонци се. И малце сеа, Шиптари, онде на Водно, ќе покажуваат сила и тоа малце ме заинати поише и ги избркавме.
СМ: Ама не се Шиптари тие бе.

СН: Турци бе, не знам, мислам. Али Октај некој, така се вика.
СМ: Оки бе Оки, нема везе тој. Каков Шиптар, какви бакрачи.


21. Разговор помеѓу Слободан Николовски-Цобе и Сашо Мијалков

СН: Ало.
СМ: Ало.
СН: Еј директоре, здраво.
СМ: Цобе, шо праиш бе?
СН: Добро, еве дома гледам телевизија, вие што праите?
СМ: Што има ново?
СН: Па ништо, денеска ви се јавив за овија возилата, Германецот сака да ги дае на некоја лизинг компанија...
СМ: Ти немаш сигнал или ја неам сигнал?
СН: Па не знам, ја ве слушам добро... добро ве слушам.
СМ: Ја тебе лошо, со прекинување...
СН: Да...
СМ: Кажи ајде сеа, шо е таа работа со Машинопромет таму, се измешаа работи, ми се јавува Јохан...
СН: Па таму...
СМ: Зоки прееска нешто, он се нешто... со овој, шо сеа тоа мешање, шо е таа тужба, објасни ми...
СН: Не, вака, таму Машинопромет... владата има вратено во име на акции со ПУИК негде околу 30%. Е сега другата страна...
СМ: Која е едната која е другата страна?
СН: Една страна е Владата и дел од овие акционерите што се, значи ПУИК...
СМ: Кои се тие?
СН: Паа, тие некои Владо не знам како се вика, така луѓе, а од друга... и Владата има ПУИК 30% од акциите... и имало на владина седница, Владата да си ја врати... мислам си го штити капиталот... а од другата се овие...
СМ: А кај се Шиптари?
СН: Паа, таму е директор нели овој Шиптарот што е, и тие мислат дека е умешан Шиптарот...
СМ: А кој е сопственик?
СН: Сопственик, па има сега тие се две, сега е на ПУИК сопственост делот...
СМ:Аха...
СН: A од другата страна се овој Бучокот, со агенцијата влегол тој таму ги закупил и ги издава под кирија... и со овие Пајмаковци и тоа на 31 мај го... им влегле сабајле рано, им го зеле на Машинопромет и после тоа...
СМ: Кој на кого влегол?
СН: Па... овие што се сега во моментот, тие акционерите и делот од Владата што го има и овие им го зеле, на 31 влегле и ги издале сите простории таму под кирија
, Бучокот зема кирија од едни, од други луѓе, и сега овие на име демек од овој директорот на ПУИК на Шиптари го дал знаеш...
СМ: Мхм...
СН: ...со тоа се силат, јас го барав Бучокот да дојде, му кажав да си се тргне таму, пошто е владин проект да не... не се праи... тој гледам се силеше и кажа Охрид... и ја на Зоки му викам
СМ: Што кажа?
СН: Кажа дека бил на одмор, во Охрид...
СМ: А кој се силат?
СН: Па Бучокот... Добро и...му кажав на Зоки, види најди го таму, кажи му нека не си игра пошто се работи за владина... владин објект, нека си се тргне таму, нека си го превземат, а после таму судови нека си расправа кој е сопственик, ќе си дојде...
СМ: Да...
СН: И сега се јавуваат едни, други, вас ве замараат, и така...
СМ: Шо ме замараат мене бе, нејќам да ме замараат за вакви работи, ќе го отерам у пичку матер и оној Јохан бе...

Напомена на Окно: На неколку места ги скративме транскриптите.

Извор: СДСМ/НоваТВ