Цинизми за љубовта (1)

03.05.2015 15:45
Цинизми за љубовта (1)

Иднина

Жената е загрижена за иднината додека не најде маж, додека мажот е загрижен за иднината дури откако ќе најде жена.

Џорџ Бернард Шо


Два вида љубов

Постојат два вида љубов: незадоволената љубов, која ве прави неподнослив, и задоволената љубов, која ве прави идиот.

Колет


Најсигурниот начин

Од сите начини да предизвикаме престанок на љубовта, најсигурен е оној кога ја задоволуваме.

Мариво


Две категории

Жените се делат на две категории: немажени, кои сонуваат само за брак; и мажени, кои сонуваат само за развод.

Жорж Елгози


Обајцата сакаат да ме оженат

Обајцата сакаат да ме оженат, и тоа ми е голем проблем; стварно не знам од кого да почнам!

Жан‒Шарл


Два вида жени

Постојат два вида жени: оние што ги мамат своите мажи и оние што велат дека тоа не е вистина.

Морис Донеј


Штета

Каква штета што не може да се има љубовник без притоа да не се измами мажот!

Жорж Фејдо


Паѓање в раце

Жените ќе беа прекрасни кога би можело да им се падне во прегратка без притоа да им се падне в раце.

Емброуз Бирс


Дистанцираните жени

Сакај ги дистанцираните жени, но одблиску.

Жан Градо


Деколте

Само деколтето може да го натера мажот да ја побара длабочината на некоја жена.

За За Габор


Усреќување

Речиси е невозможно да го усреќиш сопствениот маж. Многу е полесно со туѓ маж.

За За Габор


Потреба

Никогаш не се омажив зашто немав потреба за тоа. Дома имам три животни кои ја исполнуваат улогата на маж. Имам куче кое лае секое утро, папагал што пцуе секое попладне и мачка што се враќа дома доцна навечер.

Мари Корели


Мажите што не ми се свиѓаат

Од сите мажи што не ми се свиѓаат, сеуште најдраг ми е мојот маж!

Мадам де Стал


Главната причина

Бракот е главната причина за разводот.

Оскар Вајлд


Предговор

Бракот е здодевна книга со убав предговор.

Алфонс Алаис


Бракот не е лотарија

Бракот не е лотарија. На лотарија може и да се добие.

Ерв Ла Телиер

 

Недостизи

Човек се жени поради недостиг на разборитост. Потоа се разведува поради недостиг од трпение. Најпосле пак се жени поради недостиг од помнење.

Арман Салакро

 

Поседување

Кога жената го сака мажот поради него самиот, тоа значи дека тој навистина ништо друго не поседува.

Ноктуел


Љубовта е напор

Љубовта е напор кој мажот го презема за да се задоволи со само една жена.

Пол Жирарди


Другиот е верен

Кај парот барем еден мора да биде верен, по можност оној вториот.

Марсел Ашар


Двајца сопружници

Двајца сопружници мораат да внимаваат да не се скараат тогаш кога веќе не се сакаат доволно за да се смират.

Жан Ростан


Згрешена е куќата

Знаете ли што значи кога се враќате навечер дома кај некоја жена што ве опсипа со љубов, нежност, наклонетост? Значи дека сте ја згрешиле куќата.

Анри Јунмен


Промена

Таа би јас да се променам. Тогаш ја менувам жената.

Ги Бедос


Фустани

Најубавите фустани се носат за да бидат соблечени.

Жан Кокто


Пријателка

Ако жената ви стане пријателка, време е на некоја пријателка да ѝ предложите да ви стане жена.

Фредерик Бегбеде


Прва, втора и трета година

Првата година се купуваат ствари.
Втората година стварите се разместуваат.
Третата година стварите се делат.

Фредерик Бегбеде


Љубовта (не) е проблем

Љубовта е проблем на луѓето што немаат проблеми.

Фредерик Бегбеде


Шампањ и камилица

Врските почнуваат со шампањ, а завршуваат со камилица.

Валери Ларбо


Љубовта е нештото

Љубовта е нештото што доаѓа кој знае од каде и завршува кој знае како.

Маделин де Скудери


Пакување и заминување

Повеќе мажи ќе си заминуваа само да знаеја да го спакуваат куферот!

Каролин Амерлан

Подготвил: П. В.
Слики: Brian Kershisnik

ОкоБоли главаВицФото