Развоен процес

04.05.2015 17:08

Најпрвин ги сакаа своите мисли
и своите љубовници
среќно

Потоа ги сакаа своите мисли
и своите љубовници
несреќно

Потоа открија
дека ги мразат

Потоа веќе
не можеа да ги препознаат

Потоа открија
дека воопшто не ги ни имале

Потоа ги сакаа своите мисли
на своите мисли
и на своите љубовници

Потоа почнаа своите мисли
на своите мисли и на своите љубовници
да ги сметаат за бесмртни

Потоа умреа

Препев: П. В.

Ерих Фрид (Erich Fried, 1921-1988) е роден и пораснал во Виена. Кога неговиот татко во 1938 година бил уапсен и набрзо починал од последиците на злоставувањето во затвор, Фрид избегал во Лондон. Во Лондон бил работник, хемичар, библиотекар и уредник, а од 1952-1968 бил коментатор на англиското радио. Од 1968 бил слободен писател. Познат е и како преведувач и есеист.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото