Цинизми за љубовта (2)

05.05.2015 02:05
Цинизми за љубовта (2)

Среќна сум што не сум маж

Среќна сум што не сум маж, оти да е така, ќе морав да се оженам со некоја жена!

Мадам де Стал


Идеалниот маж

Идеалниот маж е оној што рано се враќа дома, иде во набавки, мие садови и се грижи за децата. Заклучок, идеалниот маж е жена!

Бруно Гачио


Се оженив два пати

Се оженив два пати, и тоа беа две катастрофи; првата жена си замина, а вторава остана.

Франсис Бланш


Повторно оженетиот

Секој маж кој повторно ќе се ожени, не ја заслужува среќата што ја имал кога ја изгубил првата жена.

Тристан Бернар


Верност?

Верност? Не треба да се заборави дека бракот е воведен во време кога животниот век не преминувал триесет години.

Жак Дутрон


Прекини

Љубовта носи навистина возбудливи моменти. Тоа се прекините.

Жан Жироду


Најдобрите моменти

Најдобрите моменти во љубовта се оние кога се качувате по скалите.

Жорж Клемансо


Крај во љубовта

За да се случи крај во љубовта, баш како и во војната, треба да се погледне одблиску.

Наполеон Бонапарта


Идеално

Да се сака и да се биде сакан, тоа е идеално. Под услов да станува збор за една личност.

Жан Кокто


Рогоња

Ако ви изгледа толку добро да не бидете рогоња, најдобро е никогаш да не се жените.

Молиер


Камуфлиран во комшија

Толкав е рогоња што, кога сака да води љубов со својата жена, мора да се камуфлира во комшијата!

Жил Ренар


Брак меѓу четворица

Тоа е брак меѓу четворица: тој, таа, идејата што таа ја има за него и идејата што тој ја има за неа.

Клод Рој


Нераскинливост на бракот

Верувам во нераскинливоста на бракот: тоа е единствениот начин да не испаднеш имбецил два пати.

Жан Ану


Среќен брак?

Најголема несреќа за мажот е среќниот брак. Никаква надеж за развод.

Милан Кундера


Вино од оцет

Бракот настанува од љубов како што виното настанува од оцет.

Лорд Бајрон


За вториот нема оправдување

Првиот човек што се оженил, Боже мој, немаме што да му приговориме, не знаел ‒ но за вториот стварно нема оправдување!

Саша Гитри


Глупави заедно

Љубовта ни овозможува да бидеме глупави заедно.

Пол Валери


Љубовта е како супа

Љубовта е како супа: првите лажици се прежешки, а последните престудени.

Жана Моро


Единствената работа

Има жени на кои неверноста им е единствената работа што сè уште ги врзува за мажот.

Саша Гитри


Ортаци

Во љубовта е незгодно што таа е злочин во кој не можеш без ортаци.

Шарл Бодлер


Сами на себе

Луѓето лесно ѝ се препуштаат на заљубеноста и еднакво лесно ве оставаат самите на себе.

Милан Кундера


Кусогледи и далековиди

Љубовта е средба меѓу двајца кусогледи коишто времето ќе ги направи далековиди.

Роберт Сабатие


Зборување за гревови

Кога мажот на жената ѝ зборува за гревови, обично има намера да придодаде уште еден.

Ерик‒Емануел Шмит


Страв ми е

Велиш дека саќаш цвеќе, а го кинеш, велиш дека сакаш кучиња, а им ставаш јаже, велиш дека сакаш птици, а ги затвораш во кафез... е па, страв ми е.

Жан Кокто


Рибар

Да ги познаваш жените без притоа да им бидеш љубовник, тоа е како рибар кој си умислува дека ги познава рибите откако низ река ја прошетал својата јадица.

Жил Ренар


Познавање

Французите никогаш не зборуваат за своите жени. Работата е во тоа што им е страв за нив да зборуваат пред луѓе што ги познаваат подобро од нив.

Монтескје


Допаѓање и кажување

Ако сакате да се допаднете на некоја жена, кажете ѝ го она што не би сакале некој маж да ѝ го каже на вашата сопруга.

Жил Ренар


Идиоти или кретени

Дали љубовта нè прави идиоти или само кретени се заљубуваат?

Орхан Памук


Цигара

Да морам да избирам меѓу последна жена и последна цигара, ќе изберев цигара: полесна е за фрлање!

Серж Гинзбург

Кон првиот дел

Подготвил: П.В.
Слики: Brian Kershisnik

ОкоБоли главаВицФото