Маја Плисецкаја

05.05.15 11:36

Легендарната руска балерина Маја Плисецкаја почина пред неколку дена во Германија, на 89-годишна возраст. Оваа ѕвезда на театарот Бољшој, каде работеше до 1988 година, ќе остане запаметена во историјата на балетот со улогите во „Лебедово езеро“, „Камен цвет“, „Заспаната убавица“, Спартак“, „Жизел“, „Рајмонда“... По завршувањето на кариерата како балерина, продолжува да се занимава со балетска кореаографија.

Плисецкаја се појавува и во филмовите „Ана Каренина“ и „Чајковски“, во телевизиските екранизации на балетите „Болеро“, „Исидора“, „Кармен – суита“, „Дамата со кучето“, и во телевизиските филмови „Фантазија“, „Галеб“...

Во чест на оваа легенда на балетот, потсетуваме на еден нејзин настап во „Лебедово езеро“ од 1973 година.

ОкоБоли главаВицФото