Говорот на кумановецот што ја обедини Македонија

11.05.2015 11:48
Говорот на кумановецот што ја обедини Македонија

Крвавите сцени од Куманово ја вознемирија и ја кренаа на нозе цела Македонија. Меѓу бројните реакции, изјави, апели за смирување и сомнежи околу позадината на немилите сцени, се издвои мирољубивата и искрена порака на еден Албанец од Куманово. Тој порача дека меѓу граѓаните од овој град, без разлика на етничката припадност, никогаш немало омраза и проблеми и ги повика политичарите да преземат одговорност, како и да се појават меѓу граѓаните.

Прегратката со неговиот сограѓанин Македонец пред телевизиските камери беше посилна од сите зборови и пораки.

Изјавата на овој кумановец молскавично се рашири на социјалните мрежи, а досега има околу половина милион прегледи. Колку за споредба, обраќањето на премиерот, кое се појави и како спонзорирано видео, има двасетина илјади прегледи...