Бомба#32: „А војна да имаме?“

15.05.2015 16:19

Разговор помеѓу соговорник и Сашо Мијалков

СМ: А бе, кажи му да појача химната малце, што е ова! Појачај химната малце таму. Ало? Али вмровско… ја свират химната на ВМРО. ВМРО бе. Вмровска работа, што да ти кажам. Што? На што да се палам? Не бе, не се палам јас. Ја на мачето мое само. Само на мачето мое се палам ја. А? А бе еби му мајката сега, маче, што да правиме. Ова е вмровска работа. Вмровска работа, ало. Кај си се фатила па ти со вмровец, да му ебам мајката, а? Ха, ха, ха.

Разговор помеѓу соговорник и Сашо Мијалков

С: Ало.
СМ: Ало.
С: Е.
СМ: А бе шефе.
С: Кажи.
СМ: Исклучен ти е телефонот, што е работава?
С: Појма немам бе, тука ми беше.
СМ: А?
С: Па од кај кур да знам.
СМ: Та-ра-ра ми прават.
С: А немам појма.
СМ: А?
С: Немам појма.
СМ: Сега овдека сме во Горно Лисиче
С: Аха.
СМ: И што да ти кажам, волку пукање мислиш војна е, немало никад.
С: Ха, ха, ха. Уживајте.
СМ: По 5 калаша пукаат одеднашка, а?
С: Ха, ха, ха. Слушам.
СМ: А бе не. Сега ќе слушаш, полека малце, еве сега. Слушај.
Дај упаљачот бе. Ало?
С: Еј.
СМ: Слушај.
С: Леле.
СМ: Ало.
С: Леле Саша, што беше ова бе!
СМ: Ха, ха, ха. ———
С: Леле, леле, леле. Што направи бе? Ама што направи ти бе?

СМ: Вмровска работа бе, еби му мајката.
С: Ја поштуем вашата работа многу.
СМ: Па ќе биде наша најмила. Ха, ха, ха.
С: Ама не си нормален човек. Што беа овие рафаливе.
СМ: Многу ми е жал што не си тука сега.

С: Е па не си ме викнал бе Сашо, само ти е жал, жал, и жал, и жал.
СМ: Ти само овие скапите работи ги гледаш. Остај ти Монте Карло, не е све Монте Карло во животот. Лисиче, ова-она.
С: Ќе мораш да се поправиш. Ти треба… Лисиче да знаеш…
СМ: А?
С: Лисиче е заебана општина.
СМ: Тука сме,—–војска е тука. Едно 50 души. Правиме овдека фешта.
С: Ајде, уживајте тогаш.
СМ: Ајде чао.
С: Ајде чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер

МП: Ало.
ГЈ: Еј, кажи бе Мартин.
МП: Знаеш ли што направил пред три дена овој…
ГЈ: Кој?
МП: Па најмногу што го збориме… Хммм.
ГЈ: Таткото? А не, Хммм… ха, ха. Е шо?
МП: Таму навредиле некоја негова блиска личност на врата, сакала да влезе, ја навредиле. И овој идење со екипа, 20 души, вадење цел персонал. Вадење вратаритее, дробење од ќотек. Врзување со лисици за дрвото пред клубот.
ГЈ: Цццц, лелееее. Како бе така?
МП: Да, да, да, да.
ГЈ: Што збориш бе? Ова знае некој за ова?
МП: Прашање на време е, кога ќе се рашири низ градот.
ГЈ: Лелееее.
МП: Низ цел град се збори више. Да. Го фатил, овој нашиов, го фатил тој таму најгласен што бил во навредите, во ова, го однел у WC, и го здробил.
ГЈ: Лелеее.
МП: Значи тој е здробен.
ГЈ: Добро бе, како…
МП: А тие, тие од волците биле, тие што, од противничката екипа.
ГЈ: Тепаниве?
МП: Да, да.
ГЈ: Цццц.
МП: Да го знаеш ова ќе…
ГЈ: Да мислам како да се вадам, ха, ха, ха.
МП: Да, не го кажувај…

ГЈ: Кога ќе ме заплескаат.
МП: Да, вчера ми кажаа мене…
ГЈ: Лелелее.
МП: Пред три дена било, така рече.
ГЈ: Катастрофа. Ќе се дознае тоа, што. Штом толку луѓе се инволвирани, ќе се дознае.
МП: Да, да, да.
ГЈ: Со која интелектуална структура имаме работа.
МП: Катастрофа, тоа е. Ај ќе те барам после.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер

МП: Добро, ние имаме и друг човек што се занимава и со други работи. Шверцува нафта, овдека од обезбедувањето е исто.
ГЈ: Е тоа не знам. Ха, ха.

МП: Да, да.
ГЈ: Уште… до таму не стасаа…
МП: По школи носи цистерни нафта, па наместо 3 тона, 5 тона…
ГЈ: Лелеее.
МП: 1 тон им носи, му потпишуваат под присила дека примиле 3 тона. Све има.
ГЈ: Мислам дека ова со пајакот е…
МП: Пајакот е ситна работа.
ГЈ: Незначителна. Ха, ха. Не, па баш заради тоа, да не го зборат него за ситната работа, за сметка на некој што…
МП: Што…да, да, да, да не го изедначуваат.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков

ГЈ: Поздрав, чао, ДА.
СМ: Горде, што е проблемот што се јавиле а се пасивизирале дечкиве што работат во Струга:
ГЈ: Абе овој идиотот Утка милион проблеми прави. ОБСЕ, амбасадори се јавуваат.
СМ: Кој ти се јави на тебе?
ГЈ: Од ОБСЕ.
СМ: Ама чекај бе, он си ја врши работата, што треба он да биде таму, балерина?
ГЈ: Ма што и да прави нека прави со усул.
СМ: А што направил он?
ГЈ: Значи ја не сум го видела, сфаќаш, он не можам да речам така е или не е така.
СМ: Абе види сега, он си ја изработи работата добро во Охрид, ја изработија добро работата у Велес, е сега на некој не му се свиѓало што некој легитимирал.
ГЈ: Легитимирањето не е проблем.
СМ: Е што е проблем?
ГЈ: Наводно два пати пријавуваат лице со таков опис како него и со него и неговиот ум мислам дека 100% е така.
СМ: Што е така?
ГЈ: Извадил оружје на едниот у глава пиштол му вперил, сега ја ти кажувам како што таму пријавуваат, не сум била до него да знам, значи што и да прават нека го прават со усул.
СМ: Добро види сега вака Горде за да нема за да дојде до каша попара остави ја работата јас ќе ги командувам како што од сабајле ги командувам и не се секирај пошо сè ќе биде во ред, затоа што јас една визија давам, од друга страна друг, сега му се јавив на Радникот и на него му го кажав тоа, пушти ја работава ја ќе одговорам, важи?
ГЈ: Ја прво на него му се јавив пошо мислев он ги пратил, викам малку нека се приберат.
СМ: Па он ги пратил пошо Сашо Мицев така му кажал, му се јавив и на Сашо и на Радникот му се јавив, има сега воспоставена координација.
ГЈ: Битно е сега да има контрола, тоа е најбитно.
СМ: Има контрола, Драган од УБК ги контролира таму, затоа што он зема таму.
ГЈ: Да, да, го знам Драган, природен човек е, ама ја ти кажувам што пренесуваат странциве, е сега, за толку сработена работа ко шо треба на глупост да не ни стои дамка, иначе нека си работат луѓето.
СМ: Нема да ни стои дамка, ти знаеш како ми пренесоа мене?
ГЈ: Како?
СМ: Се јавил Радникот рекол да се пасивизираме.
ГЈ: Не бе па ти, ја му се јавив на Љупчо а он веќе имаше зборено со нив, значи дур стигнало до мене ова од овде...
СМ: Како е јавено, ако они добиле команда се пасивизират, значи они се повлекуват и готово, тоа не смеат, затоа ти викам, за да нема грешка, ќе си има еден тим на раководење сега.

ГЈ: Пред пола саат му се јавив на Љупчо и му велам Љупчо што правиш, вика бев да гласам, чекај да ти ја докажам работава, абе што е ова работа, за Струга ми реагираат странциве, ова, она, викам вака и вака, да не ти го прераскажувам случајот, вика ми реагираа и мене, му се јавив на Утка, а ја нејќам да му се јавувам на него зашо нејќам ништо со него да имам никаква допирна точка, вика ја му се јавив им реков да се повлечат, викам добро, кажи им да не се….
СМ: Епа јас знаев оти е тоа такво како да се повлечат, па ќе се повлечат или ќе нè напунат. епа затоа ти викам, за да не дојде до вакви работи, остај ја работата, ќе ја координирам јас, ќе ја координирам до крај и не се секирај добро?
ГЈ: Штом си се јавил ти, да знаеш, гледам ваква реакција, тоа е тоа.
СМ: Добро, ОК, ајде ќе ја бркаме работата до даље, а ја на Утка да има кој да му каже да си ја работи работата како што треба.
ГЈ: Да умрам на Утка не му кревам телефон.
СМ: Не, не, не, и ја не му кревам, ја да го видам не го познавам, ама тој што ќе си ги команда ќе си ги среди и него и ќе работи како што треба.
ГЈ: Не, Драган си е сериозен човек, значи Драган ја му верувам, пошо го знам, озбилен човек е, возрасен, како да кажам, не е...
СМ: Ама Драган кога ќе му се јави другиот директор и знаеш како, стварно е куршлус...
ГЈ: Епа добро.
СМ: Или ако му се јавиш ти како министер стварно е куршлус, затоа ти викам, остај ја работата, ќе ја бркаме ние.
ГЈ: Ја љупчо се јавив и ама он веќе се јавил, викам добро, штом ти си ја терал работата, терај.
СМ: Важи.
ГЈ: Иначе реална е, ова странциве реагираат.
СМ: Ја сега ќе им се јавам лично таму, ја веднаш се јавив, сега ќе им се јавам со уште една насока, ќе содржи и оној дел што се однесува на Утка, добро?
ГЈ: Гледам во Струга и Пешевски нешто реагирал, па има официјална пријава до нас.
СМ: Знам и он е кавгаџија, сега ќе му се јавам.
ГЈ: Ама изгледа баш не била ко што треба реакцијата пошто биле двајца набљудувачи на избирачкото од ВМРО,
СМ: И?
ГЈ: Па еден смее, сега како да ти кажам...
СМ: Нели му верува членството од страна на Владо?
ГЈ: Па од страна наша на ВМРО еден требало да има, ме разбираш?
СМ: Добро и кој реагира?
ГЈ: И Владо си реагирале, си направиле нашите записник и ок си е, покриено си е, само сакам да кажам не било голем скандал, не е нешто на сила да бил фатен.
СМ: Па он пишал порака на премиерот, премиерот ми ја пребаци мене.
ГЈ: Проверив, Избирачкиот одбор реагирал дека имало двајца од ВМРО.
СМ: ОК Горде, стигнаа гостите ќе треба со нив сега.
ГЈ: Ок, ајде.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Ја го имам пикирано она земјиште, знаеш каде, спроти Бристол. Што остана, нели, на едниот ќош ставивме две згради кај што е и гаражава.
МЈ: Добро.
НГ: А на другиот ни остана нестаен, ама многу ќе се будат станарите у пичку матер.
МЈ: А оваа, сега не знам за кого Ви е таа, Славе ми ја покажа некни, кај… од кај Алпине накај библиотеката. Таа е убава локација, таа е една подолга, ама не знам да не е голема.
НГ: Од Аплине накај која библиотека?
МЈ: Накај МНТ, натаму. Од Алпине, во продолжение на Алпине, тука кај…
НГ: Е па таа е за Радиодифузија.
МЈ: Аха, добро.
НГ: Тоа е кај МОБ, така, кај тоа тревњакот на МОБ.
МЈ: Е тука, да.
НГ: Тоа е за Радиодифузија.
МЈ: Само два ката таа да биде?
НГ: Па 2.000 квадрати, не знам колку ката ќе биде.
МЈ: Мхм. Океј.
НГ: Колку им треба-толку. На нив им требале 2.000 квадрати.
МЈ: Баш тука голо е тоа, и добро е, таа локација ќе се затвори целата.
НГ: Да, ако е чиста, сега ќе видиме.
МЈ: Знам, беше Славе кај мене, почнавме да испитуваме
НГ: Да, за таа рачунам више, Славе си тера тоа и ќе биде. Мене ми е сега оваа, страв ми е, дали да ризикувам едно 50 гласа ќе изгубиме тука, за у таа зградата, а?
МЈ: Градежна експанзија беше, Славе ми ја даде.
НГ: Миле!
МЈ: Да, да, Ве слушам за тоа.
НГ: За ова спроти Железничка, од левата страна, кога гледаш од кај Стара железничка од лева.
МЈ: Да де, знам, знам. Знам каде е.

НГ: Да ризикуваме или не, што викаш?
МЈ: Тука има еден парк. Не знам тука. Тој малиот паркинг што е…
НГ: Ај провери тие чии гласачи се, за секој случај. Ако се комуњари и вака и така да тераме.

МЈ: Само да се разбереме, кај што има сега еден мини паркинг, така?
НГ: Не бе, не, некое спомениче има сега таму.
МЈ: Да де, и паркинг. Спомениче со паркинг. Едно како, малку како топка…
НГ: Па нема паркингот да го пипкаме ние. Ќе им го оставиме, само паркчево. За мала зграда зборам тука. И не знам за што. Ќе најдеме некој како Совет за радиодифузија, што имаат сами пари, како се викаат тие..
МЈ: Да де.
НГ: Регулаторни, некои ќе најдеме, да се изгради некоја убава, така барокна зграда.
МЈ: Многу е начичкано таму ептен. М? Сообраќано решение…

НГ: Знам дека е начичкано, ама со грди згради е начичкано, сакам да го разубавам просторот.
МЈ: Ај да испитаме имотно-правна состојба, како е таму, што…
НГ: Испитај имотно-правно и види како да најдеме, преку кого, како гласале во таа зграда.
МЈ: Е, ги имаме тие податоци во центар.
НГ: Провери го тоа, па другата недела јави ми. Ако гласале за СДСМ, кој ги ебе, и вака и така ќе ги губиме, нема да гласаат за нас, да тераме.
МЈ: Градски ѕид… а не стои зад тоа Градски ѕид.
НГ: Не е Градски ѕид тоа.
МЈ: Не, како месен комитет.
НГ: Таа е една висока кула, така малку на ќош поставена. Знаеш.
МЈ: Многу висока.
НГ: Како некоја боја, црвенкасто-кафеавкаста.
МЈ: Не, нен по месни комитети гледам. Добро, ќе испитам, знам точно.
НГ: Ај види. Оти што знам дали у следниот мандат ќе имаме ние, после локалните избори, дали ќе имаме мнозинство таму.
МЈ: Тешко ќе биде таму.
НГ: Колку гласа би изгубиле? 100 гласа ќе изгубиме? Колку живеат? А?
МЈ: Ја мислам… не е… знаете, ДУП-от и после луѓето забораваат, а нема да му градиме ние пред избори таму.
НГ: Ама спроти нив ќе градиме. Спроти нив во септември почнуваме.
МЈ: Спроти нив, да, ама нема да му градиме у двор, тука.
НГ: Да, ама ЕС-ДЕ-ЕС ќе ни организира протести пред општина кога ќе се носи ДУП-от, тие работи, знаеш како иде тоа. Ќе ги собере станарите, ќе ги донесе пред општина. Па на Уставен, па ваму, па таму, сите работи ќе ги пробаат. За да ја држат темата отворена. Ај испитај го, па јави ми вторник-среда.
МЈ: Важи.
НГ: И за број на гласови и за имотно-правни.
МЈ: Готово.
НГ: Ајде чао.
МЈ: Чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков

СМ: Абе знаеш зашо ти се јавив тебе, за тој еден што бил кај Љубе, му го заборавив името.
ГЈ: Тој што ми го кажа за прекршоци тогаш.
СМ: Да, бил на протестите за Љубе.
ГЈ: Епа супер, дај некако да го избркаме оти ја не му дадов решение тогаш, фактички он е нераспореден у моментот, јас чекав знаеш да поминат избориве, да не има уште некој да покаже...

СМ: Александар, така.
ГЈ: Така некако, Александар Панов ли, така некако беше, знам кој е, тогаш одма го тргнав настрана решението и чекав да завршат избориве, да види.
СМ: Однеси го некаде кој знае каде...
ГЈ: Супер, ќе му најдеме некое место….
СМ: Полошо да нема, на протестите ја со очи го видов.
ГЈ: Некоја аналитика во ПС Арачиново, за да нема полициско овластување, да зима помала плата.
СМ: Е, така.
ГЈ: Ееее за такви… или пак шофер ќе го ставам у возен парк.
СМ: Е така, така супер.
ГЈ: Такво некое понижувачко место.
СМ: Абе шофер да биде не тука во МВР, да биде некаде маргинално или аналитика у Арачиново, тоа може уште подобро.
ГЈ: Такво некое, битно е сега ние да не го…
СМ: Шофер, знаеш како, шофер ќе може да искочи ваздух да зема, а вака аналитика у Арачиново…
ГЈ: Поарно ќе треба да иде на работа.
СМ: Ќе треба да иде на работа.
ГЈ: Ќе го решиме, немај гајле за тоа, не му ни потпишувам.
СМ: А за другите работи ќе те побарам јас, сакам да дојдам систематизацијата да ја потпишеме, више стана историска, тоа не е до тебе до мене е ама….
ГЈ: Јас сакам да ти кажам, ама викам ај да не запињам.
СМ: Гужви и така.
ГЈ: Да де, да, добро. штом до тука сме стасале, ќе го решиме, не е проблем.
СМ: Ок.
ГЈ: Ок, важи. немај гајле.
СМ: Ќе се чуеме, да не го заборавиш.
ГЈ: Не, не го заборавам, тргнат ми е уште од пред изборите и сега таман причина повеќе поубаво место да му најдеме.
СМ: Добро, ајде.
ГЈ: Ајде.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер

МП: Овој Латас ќе го убијам еден ден, еве ја ти кажувам, ако е мртов, ја сум, треба бе едно десетина луѓе да се убијат во државава за да биде као што треба, после ќе каже не работел за служба српска, како не работи. Му реков еднаш, не може никого да разубедиме дека не работиш за српска служба, пошо српска агенда тераш овдека, и тоа е...

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер

ГЈ: Да.
МП: Горде?
ГЈ: Кажи.
МП: А бе види, сега го читам оној Зоран Божиновски. Може ли кога ќе дојде вака, иако не го познавам, треба ли негова согласност за посета?
ГЈ: За ако не си му роднина. Ха, ха.
МП: Не сум роднина.
ГЈ: Што се надевам дека не си му.
МП: Не сум му роднина, ама сакам да го посетам таму. И во тој период малку да е исклучена камерата.

ГЈ: Што ти направил сега?
МП: Не, мене ништо. Ама еве нервоза ме фаќа какви глупости пишува, лелеее.
ГЈ: А бе тој која будала е, ненормален е. Јас…
МП: Глупости, измишљотини, ја не знам вака…
ГЈ: А бе ја мислам дека е болен човекот.
МП: Е па баш дека е болен треба да…
ГЈ: Мислам, знаеш, умоболен, онака, сериозно.

МП: Не, и обавезно, обавезно да е у келија со некое Циганче што има хомосексуални склоности. Обавезно, мислам тоа да не збориме.
ГЈ: А бе тешко говедо е тој.
МП: Да, да, да.
ГЈ: И уште се сили. Мисли ова заебанција е ние што збориме.
МП: Кажи ми, до кај е постапката?
ГЈ: А бе има распишано меѓународна потерница, и треба да го уапсат Србиве. Сакав утре и на Дачиќ да му се јавам, знаеш, малку да го…
МП: А он се фали со Дачиќ, пријатели…
ГЈ: Он се фали, и знам дека се знаат, ама нема врска знаеш, институционално мое е да барам, така?

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски

ГЈ: Али Канал 5 колку не знаат вака да...
ИК: Ич, таа изјавата како ја налепија, значи оваа од ОБСЕ збори, нели, за генерално случајот оценки...
ГЈ: Да де, да, ја за девојчето...
ИК: Ако лепиш, боље ако лепиш веќе, залепи изјава, тоа со девојчето би требало да иде во контекст на службенава белешка и тие цитатите што ги кажуват ќе ве убијам и тебе и девојчето.
ГЈ: Да де, да, и нешто демек исто и со оној дел кај што викаме дека не бил на должност ова, она
, и така некако да ја налепиш, мада она со девојчето добро изгледа вака.
ИК: Не, не, супер е.
ГЈ: Мислам, ептен е она…
ИК: Ѝ реков, Цаци е дежурна во сабота, така да фино би било во сабота да се обидеме, нели до тогаш да ги договориме луѓево.
ГЈ: Да, да, добро е тоа што рекоа не е семејството во Гостивар ова, она, тоа е ок, ама колку не знаат да го направат, на толку зборење со Богатинова, ти кога влезе кај мене на телефон со неа зборев, му се јавив и на Ѕинго да видеме и они шо ќе направат.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски

ГЈ: Да, тоа ќе заврши работа, и плус ќе заврши работа Цаци ако го направи ептен патетично.
ИК: Не, не, Цаци е на вести, некој ќе го направи патетично, али му кажав ја и на Далибор.
ГЈ: Добро, она да го провери.
ИК: Апсолутно тука имаме соработка.
ГЈ: Да, ама и за денес и за денес да си биде.
ИК: Што, прилогот? Ја им реков, абе нашиве се морони, мислам, ја не можам сè да им работам, да речеме, ја им кажав училиштето на девојчето, тоа не е тајна или Шипоиве знаат во кое школо учело Гоце Делчев, да почнат со прва реченица да биде, два дена малата не иде у школо, загрозени се, иселени...
ГЈ: Дека после тоа не можела да даде изјава, истрауматизирана, па психолог некој да…
ИК: Па тоа им викам, утре снимете ја вратата од нивниот стан, значи иселени се, затворена врата и крај.
ГЈ: Да де, да, или да земат изјава од психолог, демек што ќе значи ова за девојчето, ќе биде ли нормална… некои такви, знаеш.

ИК: Не, ако зборат у камера, све ќе покрие тоа, пошто му кажав и на Далибор да им објасни дека изјави од камери ни требаат. Ќе се договориме со Сител, дека џандаров, не знам, бил јак и грижлив татко, чувствителен, имал самоконтрола...
ГЈ: Па девојчето секој ден плачело, сега не можеле да ја смират, ѝ се враќале сликите такви некои...
ИК: Да де, така, драма.
ГЈ: Па психијатар некој, ние филм Анџелина Џоли ќе снимиме.
ИК: Уште да ќариме нешто џандар што убил двајца.
ГЈ: Не само што нејќеме да изгубиме, него ќар да искочиме.

ИК: Да де, да, од двајца убиени, ама не, реално кај Македонци се ДУИ гласачко тело у Тетово, Македонци ти се, а нема Македонец што реално нејќе...
ГЈ: Затоа и овој од Алсат кога ме праша, не му полемизирам, самоодбрана, за убиство е пријавата и си терам девојчето овој, оној пошо..
ИК: Да де, да, ама овакво нас Македонци нè гласаа, ама Македонци прва реакција е ако, така им треба, друг пут нека се замислат што, прават овие важат за дивјаци, еве ви пичка ви матер, последен пут пак терајте, пак уште двајца.
ГЈ: Вака изгледа дивјачки, сложувам се…

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски

ИК: Мислам не беше нешто. Не беше пљукачки.
ГЈ: Не беше спектакуларно, ама Телма е бе Иво.
ИК: Да.
ГЈ: Ко Сител да направи објективен прилог за комуњарите.
Сега имаат у најава, нешто у стилу искршени прозори во Гостивар, ова-она.
ИК: Кој? Телма?
ГЈ: Па така негде кога прочитав. Да. Закани, навреди и искршени прозорци на протестот во Гостивар е наслов.
ИК: Не бе тоа, како не се погоди, тоа ќе беше многу јако да се погодеше и некој новинар да зачукаа тие кретените.
ГЈ: Еј тоа супер ќе беше.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков

ГЈ: Абе јас сеа на муабетот вие уште не ми ја доставивте систематизацијата од кај вас.
СМ: Затоа што три пати му ја вратив на Тони, не ја прават како што треба.
ГЈ: Не, не, добро, ок, ако е до тебе, ја викам знаеш што, да не стои кај некој друг.
СМ: Кај мене и овој заменикот ја бара, вика ако може да ја видам, сега не знам што бара, дали бара сè комплет, имиња и презимиња.
ГЈ: Абе они многу почнаа да барат.
СМ: 5 години ги ескивирам по таа работа да ти кажам.
ГЈ: Да де, да, многу почнаа да бараат, у специјална да виделе кој е, кај тебе да виделе кој е, ги гледам ептен така сакаат да…
СМ: Не знам што ќе се прави со нив.
ГЈ: На сила тераат.

СМ: Решение има, само немаме ние консензус, инаку имаш решение, одма се наоѓа.
ГЈ: Јас сум за такво решение да ти кажам искрено, еднаш да расчистиме, ај со здравје.
СМ: Јебига, тоа ти е.
ГЈ: Јас да ти кажам исто на Шиптариве за буџет, за такви работи, ништо не им давам материјали
, така да чисто да си знаеш, нема што сега они да гледаат на кого плаќаме и колку плаќаме.
СМ: Нормално, да.
ГЈ: Да, де.
СМ: Се согласувам.
ГЈ: Ги гледам, знаеш, по другиве министерства да седнеме за проектите, за ова, она, нема бре што да седнуваме, ќе седнеме да видиме тие лични карти, возачки дозволи, нема проблем, ќе си седнам ја со нив, ама другиве работи не им давам бројки.
СМ: Така е, се согласувам.
ГЈ: ОК.
СМ: Добро, у 6 саат се гледаме.
ГЈ: У 6 се гледаме и тоа е тоа.
СМ: Важи.
ГЈ: Ајде. Чао, чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Влатко Илиевски

ВИ: Да.
ГЈ: Влатко што правиш?
ВИ: Добро бе еве, пишувам нешто. Ти?
ГЈ: Ништо, со Шиптариштава се расправам.
ВИ: Хм. Да не имало прес, или не?
ГЈ: Не.
ВИ: Добро.
ГЈ: Друго?
ВИ: Па не знам, ништо посебно.
ГЈ: Па добро, пишувај.
ВИ: До кога ќе се задржиш?
ГЈ: Па имам еден состанок у 6, па после тоа ќе си дојдам. Ти?
ВИ: Па не знам, и ја имам работа.
ГЈ: Кутриот. Шиптариштава многу ме нервираат.
ВИ: Не ги третирај ич.
ГЈ: Не, ама како може да бидат бе толку глупи?

ВИ: Тие од еден маскенбал направија проблем, не од ова. Што очекуваш?
ГЈ: Од што направија проблем?
ВИ: Од маскенбалон.
ГЈ: А да, племе невидено.
ВИ: Тоа ти е, косоваризација на Македонија се случува од 2001 навака.
ГЈ: Да, знам. Така. Добро, тоа сакав.
ВИ: Ајде.
ГЈ: Ајде, чао.
ВИ: Чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер

ГЈ: Така да, нема со нив соживот.
МП: Нема, каков соживот.
ГЈ: Треба да се расчисти еднаш засекогаш.

МП: Ајде, здравје.
ГЈ: Нема здравје, тоа се стратешки прашања, пушти ми ти за ова да организирам од понеделник, не е нешто…
МП: Важи.
ГЈ: Ок, ајде.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер

МП: А војна да имаме?
ГЈ: А бе, ние ако е за да покажеме кој е посилен, за 1 саат ќе ги смачкаме.
МП: Мхм.
ГЈ: Ама работата е да не покажуваме мускули сега.

Извор: СДСМ/НоваТВ