„Заедно сме посилни“ или „раздели па владеј“?

17.05.2015 18:26
„Заедно сме посилни“ или „раздели па владеј“?

Фото: Темјана Поповска

 

Колку што се сеќавам , „Заедно сме посилни“ стана препознатлив слоган на анти-владините протести уште кога студенскиот пленум се солидаризираше со протестите на средношколскиот пленум. Оттогаш, „Заедно сме посилни“ редовно се скандираше и на сите граѓански протести по 5-ти мај 2015 година напоредно со слоганот „Дојдете со нас“.

Идејата за „генерален“ протест кој нема да биде под ниедно партиско лого се реализира денес пред владата во 14 часот како „ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА - граѓанска и натпартиска коалиција за враќање на достоинството на луѓето и за одбрана на Уставот на Републиката“.

Основно барање на Коалицијата е „да се формира преодна влада, која ќе обезбеди пречистување на избирачкиот список, ослободување на јавниот сервис МРТ од контрола на власта, избор на независен Јавен обвинител, како и организирање целосно слободни и демократски избори, кои ќе ја одразат реалната политичка волја на граѓаните на Македонија.“

Фото: Бирн

Коалицијата „ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“ досега ја подржуваат 80 здруженија на граѓани и 13 партии, а протестот „Доаѓаме 17 мај“ (пред Влада во 14.00) беше дополнително поддржан и од други партии, здруженија, коалиции, пленуми, синдикати, амбасадори, индивидуи... Неколку организации се приклучија на протестот пред влада марширајќи и протестирајќи (Студентски Пленум со „Студентски марш за слобода“ во 13 часот и „ЛД Солидарност“, со протест пред Основниот Суд (за итно ослободување на сите активисти притворени од 5-ти мај наваму) и со марш заедно со активистите од #Протестирам и Студентскиот Пленум кон Владата).

Вчера си ја исправ мојата омилена маичка со лого „Протестирам, значи постојам“ и ја облечам за денешните протести.

Многу ми е драго што денес се одржи толку разнолик, а сепак заеднички протест пред Влада, затоа што „Заедно сме посилни!“

Многу ми е жал што некои подлегнаа на пропагандната логика на режимот („Раздели па владеј“) и не ни се придружија денес, иако до вчера заедно скандиравме „Заедно сме посилни!“

ОкоБоли главаВицФото