Од контра-кампот одлучни: Ќе кампуваме се додека не дознаеме зошто сме овде

19.05.2015 11:31
Од контра-кампот одлучни: Ќе кампуваме се додека не дознаеме зошто сме овде

Скопје, 19 мај 2015

Репортерот на Коза ностра им се придружи на провладините автокампери од контра-кампот подигнат пред Собранието на РМ, каде што протестираат поддржувачите на Владата. Тие се децидни дека остануваат овде се додека некој не им објасни зошто се овде.

„Сигурно има причина зошто сме овде. Мене од општинскиот ми рекоа, спиј Ацо сега, утре од комитетот навреме ќе те известиме за твоите цели. Јас имам уставно право на протест, контрапротест, како и на контракампување“, вели камперот Ацо.

Сличен став делат и другите контракампери, кои исто така очекуваат наредните денови дамдознаат зошто се таму.

Извор: kozanostra.net