Гостите пред врата ми се, а јас немам кључ!

20.05.2015 09:11
Гостите пред врата ми се, а јас немам кључ!

Вчера, некаде околу осум часот пред моето такси истрчува една госпоѓа и ми крева рака. Застанувам, а таа сета задишана ми вели:

‒ Кавадарци!
‒ Госпоѓо, до Кавадарци е...
‒ До автобуска, се извинувам...

Автобуската е на петсто метри, ама ако клиентот сака...

‒ Ве молам, претходно до автоматот на Халк Банка кај ONE, морам да извадам пари. Денар немам. Има и на автобуска, ама минатиот пат немаше пари.

Одам кон ONE и таа вика:

‒ Леле! Ми ја нема картичката! Вратете се!

Се враќам, излегува од возилото и по десетина секунди пак влегува.

‒ Немам кључ, ѝ го дадов на комшиката, а таа отиде на работа. Возете до Уни Банка!

Застанувам пред Уни Банка и по две-три минути таа се враќа.

‒ Одиме, имав некој денар...

Возам кон автобуската и ѝ ѕвони телефонот...

‒ Леле! ‒ извикува. ‒ Застанете, се враќаме!

Застанувам и ја погледнувам.

‒Погрешно сум ја разбрала пораката, од Кавадарци ми идат гости, пред врата ми се, леле, а јас немам кључ!

Слика: Артур Робинс

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото