Работилница за креативно пишување на „Паратисима Скопје“

20.05.2015 11:58
Работилница за креативно пишување на „Паратисима Скопје“

Во рамки на второто издание на Интернационалнот саем на современа уметност Паратисима Скопје, кој ќе се одржи од 12 до 14 јуни во Младинскиот културен центар во Скопје, меѓу останатите содржини предвидена е и работилница за креативно пишување, а заинтересираните можат да е пријават на отворен конкурс.

За кого е наменет конкурсот?

СРЕДНОШКОЛЦИ

За што станува збор?

Целта на работилницата е да ги поттикне младите кои се заинтересирани за пишување дa се насочат во соодветната насока преку која ќе го изградат својот стил.

Учесниците ќе бидат вклучени во интерактивно предавање, дискусија, читања и вежби кои ќе им помогнат во истото.

Пишувањето зазема главен дел од оваа работилница, односно секој учесник ќе има можност да напише повеќе текстови/песни кои потоа ќе бидат презентирани и објавени.

Работилницата е водена од млади македонски поети и писатели чија задача е да ви го претстават креативниот процес кој стои зад пишаниот збор.

Секој од учесниците ќе има можност да биде дел од два книжевни настани кои ќе се одржат во текот на фестивалот како дел од оваа работилница.

Конечно, работилницата им нуди оригинална можност на учесниците да се запознаат со поголем дел од спектарот на сцени што моментално постојат во македонскиот книжевен простор.

Испратете ни основни информации за вас:

Име и презиме
Возраст
Пол
Гимназија/Средно училиште
Број

За конкурсот:

Омилен лик од книжевно дело
Омилен автор
Твоја кратка приказна или песна

Koнкурсот трае до 05.06.2015.

Пријавувањето можете да го извршите на: contact@paratissimaskopje.mk