Леонар Комбиер

20.05.15 13:50

Францускиот уметник Леонар Комбиер пронашол забавен начин да ги продолжи физичките патувања, преку страниците на неговиот пасош: комбинирајќи ги печатите кои различните гранични служби ширум светот ги оставиле во неговиот пасош со забавни цртежи, тој ги испреплетува сеќавањата од патувањата со креативните пориви.

Патувајќи преку уметноста, тој на некој начин си поигрува со границите и ограничувањата, како оние на државите, така и во уметноста.

Извор: www.leonardcombier.com