Кратка лекција за Груевски

21.05.2015 02:29
Кратка лекција за Груевски

Груевски вчера пролупа некоја си кованица како нема намера да дозволи „диктатура на малцинството“. Со тоа, свесно или несвесно ја санкционираше „диктатурата на мнозинството“. Човекот се чувствува легитимиран, ги има бројките и мисли дека демократијата е владеење на мнозинството.

Во реалноста нештата не стојат баш така, ќе го потсетиме со една кратка лекција по политичка филозофија:

1. Демократијата не може да се карактеризира единствено како владеење на мнозинството. Впрочем, токму Груевски е доказ дека едно мнозинство може да владее автократски.

2. Тој што владее мора да се грижи и да ги заштитува институциите, во исто време обезбедувајќи му на малцинството можности да работи на промени.

3. Вистинското прашање не е тоа на Платон: Кој треба да владее?

4. Вистинското прашање е: Како можеме да ги организираме нашите политички институции на начин неспособните и лоши владејачи да нанесат најмала можна штета на државата?

Значи, демократија е нешто повеќе од мнозинство, од бројки, бара тежа и контратежа, не протести и контрапротести...

Доколку некогаш се оправиме, нема да нè спаси новата памет, нема да нè спаси моралот, мора да се спасиме преку градење институции, преку почитување на нормите, преку лимитирање на лудаци или групи од лудаци, кои наводно мнозинството ги следи, да ја инкарнираат таа волја, и сите можни институции.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Странски служби