Една од најголемите квазипатриотски манипулации на Груевски е „референдумот за името“

21.05.2015 11:55
Една од најголемите квазипатриотски манипулации на Груевски е „референдумот за името“

Една од најголемите квазипатриотски манипулации на Груевски е „референдумот за името“:

„ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и народна партија нема да дозволи какво било решение и каков билo компромис за спорот кој го наметна Грција да бидат прифатени од страна на поединци политичари, Влада или парламентот без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум и мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на тој референдум да се согласи со таквото решение.“ (Груевски, 18.05.2015.)

Во што се состои манипулацијата?

Ако го земеме критериумот за референдум што го поставува Груевски, тогаш референдумот за ГТЦ беше апсолутно успешен, затоа што мнозинството од граѓаните кои излегоа на тој референдум се согласија да остане постојниот изглед на ГТЦ.

Според критериумот што го поставува Груевски, ако на референдум излезат само 20% од регистрираните гласачи во Република Македонија, и ако 10.1% од нив гласаат ЗА, тогаш ќе биде прифатен „компромис за спорот“.

Или, на пример, ако ги доведеме работите до крајност, ако 99% од граѓаните решат да го бојкотираат референдумот, тогаш пак тие 1% кои ќе излезат ќе одлучат за „компромисот“, под услов 0.6% од нив да гласаат ЗА.

Ова не е само тешка манипулација, туку и огромна глупост која покажува дека на власт имаме манипулативно „диктаторче“ кому воопшто не му е ниту до волјата на граѓаните, ниту до заштита на името и идентитетот.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Небојша Гелевски