По повод крвничкиот и кукавички напад врз новинарот Саше Ивановски

23.05.2015 11:40
По повод крвничкиот и кукавички напад врз новинарот Саше Ивановски

Предупредувам, тактиките и начинот како злосторниците го извеле тоа, во близина на зградата каде што живее Ивановски и со метални шипки и палки, многу потсетува на тоа како изминативе 15 години беа напаѓани десетици и десетици новинари во Русија, од кои многумина починаа. Намерно или несвесно, поттикнато од некакви мрачни умови со закрвавен поглед кон Москва, Македонија, во една минијатурна верзија, стана истиот темен вилает за слободата на говорот што е воспоставен во Русија на Путин. Тоа ли се тие вредности кон кои се стремела оваа проклето авантуристичка и коруптивна власт на Груевски?

Предупредувам, Македонијо, не оди по истата бестрага каде моментално се наоѓаат Русија и Украина. Каде здравјето и животот на луѓето се толку девалвирани што не вредат ни копејка. Каде ретките истражувачки новинари не се ништо друго туку дивеч за отстрел. Каде не постои слобода на изразување и слобода на здружување и протестирање, туку самоцензура и инфантилна народна аполитичност и пасивност. Македонијо, не станувај постсоветска губернија на Москва. Не се продавај на самодоволната руска олигархија на која и онака ѝ доаѓа крајот.

Режимите убиваат. Апсолутните режими убиваат апсолутно!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња