Влатко Стефановски, слушни: колку повеќе делкате, толку помалку музика има

23.05.2015 13:31
Влатко Стефановски, слушни: колку повеќе делкате, толку помалку музика има

Влатко Стефановски, слушни! Денес осудија девет студенти, додека ти во Крушево држиш часови по гитара, заедно со Ивце, седнати во скутот на нелегалната министерка.

Ти не си од овде, нели? Нашава земја крвари, а ти садиш дрвја, внимателно, оддалеку се грижиш за нашите бели дробови. Фала.

Искрено, би те сфатил да си гладен ил’ жеден, но не е така, само троа си прејаден.

Утре, после сè, ќе треба да излезеш пред Младоста и да свириш. Со кој образ? Ќе зборуваш за слобода во уметноста, за рокенрол, од позиција слуга на власта?!

Би сакал да верувам дека ќе ти поверуваат, оти овој народ брзо заборава.

Дотогаш, делкајте пари од кај ќе стасате. Но, има еден чуден Божји феномен: колку повеќе делкате толку помалку музика има.

Извор: Фејсбук профилот на авторот